[go: up one dir, main page]
More Web Proxy on the site http://driver.im/Прејди на содржината

Багдад

Од Википедија — слободната енциклопедија
Багдад како што се гледа од Меѓународната вселенска станица

Багдад (арапски: بغداد), чие име доаѓа од персиското Баагх-даад или Баг-Да-Ду (со значење ,,Градината на Бог") е главен град на Ирак. Тој е вториот најголем град во арапскиот свет (по Каиро) и најголем град во Ирак, со население од 5.772.000 жители. Багдад се наоѓа на реката Тигар во централниот дел од земјата. Овој град некогаш бил центарот на Дар ал-Ислам, муслиманска цивилизација.

Историја

[уреди | уреди извор]

Багдад е основан во 762 година од страна на Калип Ал Мансур. Во 1853 година градот станува дел од Отоманското Царство, сè до 1917 година кога британски трупи за време на Првата светска војна го преземаат градот од Турците, и три години подоцна го прогласуваат за главен град на земјата со која управуваат до 1932 година.

Знаменитости

[уреди | уреди извор]

Во стариот дел на Багдад има пазар, кој води до современиот бизнис центар во кој се наоѓаат широки булевари. Заштитен знак на Багдад е Златната џамија, чии минариња се гледаат од целиот град. Златната џамија е една од најголемите шиитски светилишта.

Багдад како мотив во популарната култура

[уреди | уреди извор]
Панорамски поглед на Тигар додека тече низ Багдад