Алчак
Алчак Χαμηλό | |
---|---|
Координати: 41°6.17′N 22°28.53′E / 41.10283° СГШ; 22.47550° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Кукушки |
Општина | Пајонија |
Општ. единица | Бојмица |
Надм. вис. | 180 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 117 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Алчак (грчки: Χαμηλό, Хамило; до 1926 г. Αλτσάκ, Алцак[2]) — гевгелиско село во Кукушко, Егејска Македонија, денес во општината Пајонија на Кукушкиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 117 жители (2011).
Географија
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа околу 3 км југоисточно од Гевгелија и 4 км југозападно од граничниот премин Сехово (Идомени) во Р Македонија.[3] Лежи на североисточните падини на планината Пајак во областа Бојмија, на растојание од 26 км северно од гратчето Бојмица.
Историја
[уреди | уреди извор]Во Отоманското Царство
[уреди | уреди извор]Во XIX век Алчак било турско село во Авретхисарската (Кукушка) каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Алџак (Aldjak) било село во Авретхисарската каза со 160 домаќинства од 455 жители муслимани.[4] Васил К’нчов во 1900 г. на ова подрачје забележал само неколку маала кои не се спомнуваат на друго место, од кои отсуствува селото Алчак.[5], додека пак Боривое Милоевиќ нешто подоцна правилно го завел со 50 турски куќи.[3]
Во Грција
[уреди | уреди извор]По сила на Букурешкиот договор, во 1913 г. селото е припоено кон Грција, кога е испуштено од пописот таа година. Селото било принудно иселено во Првата светска војна бидејќи, како погранично, низ него минувала фронтовата линија.[3] Во 1920 г. се заведени 144 жители. По сила на Лозанскиот договор во 1924 г. населението е иселено во Турција, а на негово место населиле грчки доселеници, како и едно македонско семејство од с. Моин преку границата. Во 1926 г. властите го преименувале во Хамило со значење ниско или тивко.[6] Со овие промени, во 1928 г. Алчак е заведено како наполно дојденско село 44 семејства од 125 жители — сите Грци дојденци[7][8] (занемарувајќи го едното македонско семејство). Во 1940 г. нивниот број пораснал на 283, но поради Грчката граѓанска војна и оскудноста на крајот, селото доживеало пад на 220 лица 1951 г.[3] Во 1961 г. се попишани 258 жители, но дошло до повторно намалување, со 154 лица во 1971 и 163 во 1981 и 140 жители во 1991 г.[3] Бројката останала релативно стабилна во 2001 г. кога се заведени 154 лица, за да опадне на 117 на следниот попис во 2011 г.
Население
[уреди | уреди извор]Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 283 | 220 | 258 | 154 | 163 | 140 | 154 | 117 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
[уреди | уреди извор]Селото е прилично пасивно, а населението се занимава со производство на тутун, жито и други земјоделски производи. Во помала мера застапено е и сточарството.[3]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Αλτσάκ -- Χαμηλό
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 53.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 168-169.
- ↑ 5. Гевгелиска каза. „Македонија. Етнографија и статистика“
- ↑ χαμηλός — Грчко-македонски речник на офф.нет
- ↑ Симовски дава бројка од 219 лица за 1928 г.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
|