Девџели
Девџели | |
---|---|
Координати: 41°10.7′N 22°38.56′E / 41.1783° СГШ; 22.64267° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Кукуш |
Општина | Пајонија |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Девџели — поранешно село во Гевгелиско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Пајонија, Централна Македонија, Грција.
Географија
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓало северно од Ругуновец, близу границата со Р Македонија. Преку границата се атарот на Стојаково и вонградското подрачје на Богданци. Лежиело на јужното подножје на планината Карабалија.
Историја
[уреди | уреди извор]На почетокот на XX век Девџели било турско село во Гевгелиската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Девџели (Девеџелиј) имало 300 жители Турци.[1]
По Втората балканска војна во 1913 г. селото влегло во состав на Грција. Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) во 1921 г. вели дека Девеџели се состои од 50 турски куќи.[2]
Денес топонимот опостојува на тоа место, и се протега од обете страни на границата под варијантите „Девџели“, „Девџелиско Брдо“[3] и „Довџелии“[4].
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 151. ISBN 954430424X.
- ↑ Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 31.
- ↑ По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
- ↑ Растер топокарта 1:25 000, Дистрибутивен геопортал (OSSP), Агенцијата за катастар на недвижности на Македонија
|