Kings of Leon
Kings of Leon | |
---|---|
Kings of Leon во 2017 | |
Животописни податоци | |
Потекло | Маунт Џулиет, Тенеси, САД |
Жанрови |
|
Период на активност | 1999 | –денес
Издавачи | |
Мреж. место | kingsofleon.com |
Членови | |
|
Kings of Leon ― американска рок-група основана во Нешвил во 1999 година. Во составот на групата се: браќата Кејлеб, Нејтан и Џеред Фолоуил и нивниот братучед Метју Фолоуил. На почетокот композициите на групата биле спој на јужњачки рок и гаражен рок со примеси на блуз, но со текот на годините во музиката почнале да вклучуваат и други музички жанрови и алтернативен рок-звук.
Првите три студиски албуми на групата биле успешни првенствено вон границите на САД, а најмногу во Обединетото Кралство. По објавувањето на албумот Only by the Night (септември 2008 година), кој се пласирал во топ-10 на топ-листите за албуми во над 10 земји, групата успеала да се пробие на американската музичка сцена и да стекне светска популарност. Водечкиот сингл од албумот, „Sex on Fire“ се искачил на прво место на топ-листите во Австралија, Финска, Ирска и Обединетото Кралство. Во септември 2009 година синглот бил на второ место на листата на дигитално најпреземани синглови на сите времиња во Обединетото Кралство, веднаш зад Poker Face од Лејди Гага.[1] Групата има освоено 4 Греми награди од 12 номинации, вклучувајќи ја и наградата „Запис на годината“ за песната „Use Somebody“ во 2010 година.
Историја на групата
[уреди | уреди извор]Почетоци: пред 2002 година
[уреди | уреди извор]Таткото на тројцата браќа, Ајван Лион Фолоуил, бил патувачки проповедник при Обединетата Пентекостална црква. Затоа, неговите деца на почетокот биле музички активни во црковниот оркестар. Откако таткото на момчињата се откажал од богослужбата и по разводот на нивните родители во 1997 година, Нејтан и Кејлеб се преселиле во оклината на Нешвил и почнале да свират кантри-музика.
Во Нешвил се запознале со текстописецот Анџело Петраља, кој им помогнал да ги усовршат вештините во пишување песни и ги насочил кон музиката на Тин Лизи, и особено на Ролинг Стоунс и на Клеш. Џеред, кој посетувал државно училиште, бил под влијание на музиката на Pixies и Велвет Андерграунд. Откако тој и нивниот братучед Метју, исто така, се преселиле во Нешвил во 1999 година, била основана групата Kings of Leon. Тие групата ја именувале по нивниот дедо Лион, кој починал во јануари 2014 година.[2]
Први музички изданија и пофалби од критичарите: 2002–2007
[уреди | уреди извор]Во 2002 година групата потпишала договор со RCA Records.
Првата плоча на групата, EP под наслов Holy Roller Novocaine, била објавена на 18 февруари 2003 година. ЕР-то добило оценка 4 од 5 ѕвезди од списанието Rolling Stone. Четири од петте песни на ЕР-то подоцна биле вметнати во првиот албум на групата, Youth and Young Manhood.
Албумот Youth and Young Manhood бил издаден во јули 2003 година и бил продуциран од Анџело Петраља и од Итан Џонс.[3] Списанието Ролинг стоун, поради ретро-изгледот на групата и спојот на буги со гаражен рок ги споредило со Lynyrd Skynyrd и со Strokes. Албумот станал сензација во Обединетото Кралство и во Ирска, каде NME го прогласил за „еден од најдобрите деби албуми во последните 10 години“, а The Guardian групата ја опишал како „еден вид на автентични, влакнести бунтовници какви што Ролинг Стоунс копнееја да бидат“. Албумот поминал без позабележителен успех во САД, каде што критиките биле мешани, а новата рок-публика била незаинтересирана за нив.
Вториот албум на групата, Aha Shake Heartbreak, бил издаден во Обединетото Кралство во октомври 2004 година и во САД во февруари 2005 година. Групата добила пофалби од неколку нивни рок-современици, вклучувајќи го и Елвис Костело, а исто така во текот на 2005 и 2006 година била на турнеја со: U2, Боб Дилан и Перл Џем.[4][5][6]
Во април 2007 година бил издаден третиот албум на Kings of Leon насловен Because of the Times. Албумот дебитирал на прво место на топ-листите за албуми во Велика Британија и во Ирска. Иако бил пофален од некои критичари,[7][8] други сметале дека албумот е инфериорен во однос на нивните претходни дела.[9]
Пробив на светската музичка сцена и популарност: 2008–2010
[уреди | уреди извор]На 19 септември 2008 година, Kings of Leon го издале четвртиот студиски албум, Only by the Night. Албумот успешно се продавал и се пласирал во топ-10 на топ-листите за албуми во над 10 земји. Албумот официјално станал трет најпродаван албум во Обединетото Кралство за 2008 година,[10] најпродаван албум во 2008 година во Австралија[11] и 18-ти најпродаван албум во 2000-тите во ОК. Водечкиот сингл од албумот, „Sex on Fire“ бил објавен на 8 септември. Песната се искачила на прво место во Обединетото Кралство, Ирска, Австралија и Нов Зеланд и станала најуспешна песна на групата. Вториот сингл од албумот, „Use Somebody“ стигнал до второ место во Обединетото Кралство и во Австралија, но бил и прв топ-10 хит на групата во САД.
Албумот бил номиниран за најдобар рок-албум на Греми-наградите во 2009 година, а песната „Sex on Fire“ била номинирана во две категории на истите музички награди. На Британските музички награди во 2009 година групата ги освоила наградите: „Најдобар меѓународен бенд“ и „Најдобар меѓународен албум“.[12][13] Во 2008 година, Kings of Leon го предводеле музичкиот фестивал Гластонбери, а во 2009 година, групата била на многу музички фестивали, како: Reading & Leeds, Rock Werchter, Oxegen, T in the Park, Gurtenfestival и Open'er Festival во Полска, и Sasquatch, Lollapalooza, [14] и Austin City Limits во САД.
На 10 ноември 2009 година групата го издала првото ДВД, Live at the O2 London, England. Во 2009 година, Kings of Leon ја основаале издавачката куќа Serpents and Snakes Records.
На 31 јануари 2010 година, за песната „Use Somebody“ Kings of Leon добиле Греми-награди за: „Запис на годината“, „Најдобра рок изведба од дуо или група“ и „Најдобра рок-песна“.
Подоцнежни изданија: 2010–Денес
[уреди | уреди извор]Петтиот албум на групата, под наслов Come Around Sundown, бил издаден на 18 октомври 2010 година.[15] По објавувањето на Come Around Sundown во Австралија, групата сите нумери од новиот албум ги објавила на нејзината веб-страница.[16]
На 31 октомври 2011 година, групата објавила дека во ноември, по завршувањето на нивната австралиска турнеја, ќе одат на пауза. Нејтан изјавил дека паузата на групата не треба да трае подолго од шест месеци.[17]
Шестиот студиски албум од групата, Mechanical Bull, бил издаден во септември 2013 година.[18] Кон крајот на 2013 година, албумот бил номиниран за Греми за „Најдобар рок-албум“.
Албумот Walls (стилизиран како WALLS, акроним за We Are Like Love Songs) бил објавен на 14 октомври 2016 година.[19] Албумот стигнал до прво место на топ-листата за албуми, Билборд 200. [20]
На 31 март 2020 година, групата објавила акустична снимка во живо од нивната нова песна, „Going Nowhere“ (подоцна преименувана во „Supermarket“) која била вклучена на нивниот осми студиски албум When You See Yourself.[21][22] Албумот бил објавен на 5 март 2021 година и бил продуциран од Маркус Дравс кој го продуцирал и нивниот претходен албум.[23] На албумот му претходеле сингловите „The Bandit“ и „100.000 People“, двата објавени на 7 јануари 2021 година.
Kings of Leon станале прва група која продавала новообјавен албум во форма на незаменлив токен (NFT), тип на криптовалута што содржи уникатни средства како музика или уметност. Токените биле развиени и сместени на YellowHeart, платформа за продажба на билети преку блокверижна технологија.[24] Незаменливиот токен (албумот) на групата, исто така, станал прв незаменлив токен кој бил лансиран во вселената.[25]
Деветтиот студиски албум Can We Please Have Fun, Kings of Leon бил издаден на 10 мај 2024 година од LoveTap Records и Capitol Records. Ова бил нивен прв албум кој не бил издаден преку нивната оригинална издавачка куќа, RCA Records. Водечкиот сингл од албумот, „Mustang“, бил објавен истиот ден како и албумот,[26] а по него следувале сингловите „Splitscreen“ (29 март 2024) и „Nothing To Do“ (19 април 2024).
Членови на групата
[уреди | уреди извор]- Кејлеб Фолоуил – пејач, ритам-гитара (1999-денес)
- Џеред Фолоуил – бас, клавијатури, придружни вокали (1999-денес)
- Метју Фолоуил - главна гитара, клавијатури, придружни вокали (1999-денес)
- Нејтан Фолоуил– тапани, удирачки инструменти, придружни вокали (1999–денес)
Дискографија
[уреди | уреди извор]- Youth & Young Manhood (2003)
- Aha Shake Heartbreak (2004)
- Because of the Times (2007)
- Only by the Night (2008)
- Come Around Sundown (2010)
- Mechanical Bull (2013)
- Walls (2016)
- When You See Yourself (2021)
- Can We Please Have Fun (2024)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Lady Gaga is queen of downloads“ (англиски). 2009-09-06. Посетено на 2024-07-24.
- ↑ McNamara, Mary (August 20, 2011). „Television review: 'Talihina Sky: The Story of Kings of Leon'“. Los Angeles Times.
- ↑ Production Notes: Ethan Johns/Ryan Adams For Ryan Adams, Ethan Johns is THE FACILITATOR Архивирано на {{{2}}}. Bud Scoppa, Paste Magazine, March 24, 2006. Retrieved April 17, 2008.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ „Kings of Leon Overwhelmed By Bob Dylan-Starpulse Entertainment News Blog“. Starpulse.com. Архивирано од изворникот на 2011-07-16. Посетено на 2010-08-01.
- ↑ „RealNetworks : Home : Music Shop“. Архивирано од изворникот на 2008-10-13. Посетено на 2008-12-17.
- ↑ „Kings Of Leon – Kings Of Leon: Because Of The Times – Album Reviews“. Nme.Com. Посетено на 2010-08-01.
- ↑ Collis, Clark. "Because of the Times ". Entertainment Weekly, March 30, 2007. Retrieved on February 05, 2008.
- ↑ „Kings of Leon – Because of the Times – Review“. Stylus Magazine. Архивирано од изворникот на 2010-02-02. Посетено на 2010-08-01.
- ↑ musicOMH (2008-12-29). „UK's biggest selling albums of 2008“. Архивирано од изворникот на 2009-08-28. Посетено на 2009-08-04.
- ↑ NME (2009). „Kings of Leon score 2008's top selling-album in Australia“. NME. Архивирано од изворникот на 2009-02-06. Посетено на 2009-08-04.
- ↑ Robert Booth and Rosie Swash (2009-02-18). „Duffy takes three Brit awards while Kings of Leon and Elbow also triumph | Music“. The Guardian. London. Посетено на 2010-08-01.
- ↑ Beech, Mark (2009-02-18). „Duffy, Kings of Leon Win 2009 Brit Pop Music Awards“. Bloomberg.com. Посетено на 2010-08-01.
- ↑ „Kings of Leon - Lollapalooza 2009“. Ripcordnews.com. Архивирано од изворникот на 2009-08-15. Посетено на 2010-08-01.
- ↑ „Kings of Leon's New LP Gets October Release Date“. Exclaim.ca. Посетено на 5 March 2021.
- ↑ „Kings of Leon – Come Around Sundown“. Архивирано од изворникот на 2010-10-15.
- ↑ „Kings of Leon plan hiatus | Orange UK“. Web.orange.co.uk. 2011-10-31. Архивирано од изворникот на 2011-12-05. Посетено на 2011-11-12.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Ringen, Jonathan (August 25, 2016). „Kings of Leon on Renewing Their Family Ties, Survival Tips From Eddie Vedder & New Album 'Walls'“. Billboard. Посетено на 2016-10-07.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Legaspi, Althea (2020-03-31). „Kings of Leon Unveil Black-and-White Video for New Acoustic Song 'Going Nowhere'“. RollingStone (англиски). Посетено на 2019-06-20.
- ↑ Lotter, Judah Charles (2020-03-31). „Kings of Leon drop new song 'Going Nowhere' after 3 years, promote social distancing in black-and-white video“. MEAWW (англиски). Посетено на 2019-06-20.
- ↑ „Kings Of Leon announce long-awaited new album 'When You See Yourself'“. Nme.com. 7 January 2021. Посетено на 5 March 2021.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Staff Report (13 September 2021). „Kings of Leon to launch NFT into space“. Main Street Nashville (англиски). Посетено на 2021-09-14.
- ↑ Strauss, Matthew (February 22, 2024). „Kings of Leon Announce Album and Tour, Share Video for New Song "Mustang"“. Pitchfork. Посетено на February 22, 2024.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|