4 век п.н.е.
| ||||||||||||
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | |||
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | |||
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | |||
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 | |||
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 | |||
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 | |||
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 | |||
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 | |||
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 | |||
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 100 |
4 век п.н.е. — век кој започнал на 1 јануари 400 г. п.н.е., а завршил на 31 декември 301 г. п.н.е. Овој век се смета за дел од класичната антика.
Векот бил одбележан со издигнувањето на класичната грчка цивилизација во сите нејзини аспекти. До 400 г. п.н.е. грчката филозофија, уметност, литература и архитектура била широко распространета благодарение на бројните независни грчки колонии во земјите на источното Средоземје.[1]
Веројатно најважните политички настани во овој период се освојувањата на Александар III Македонски, кои предизвикале колапс на некогашната моќна и застрашувачка Персиска империја и ширење на грчката култура далеку на исток.[2] Александар Македонски сонувал за сојуз на истокот и западот, но кога завршил неговиот краток живот, неговата огромна империја била втурната во граѓанска војна, бидејќи генералите кои ја наследиле почнале да исцртуваат мапи на нивни посебни кралства. Така започнал Хеленистичкиот период, кој бил карактеризиран со апсолутистички пристап кон владеењето, при што грчките кралеви се окитувале со кралски одбележја и воспоставиле наследна сукцесија. Бидејќи одреден степен на демократија сè уште се одржал во некои од преостанатите независни грчки градови, многу историчари го гледаат овој период како крај на класичната Грција.
Во Индија, Мауријска империја била основана во 322 г. п.н.е. од страна на династијата Нанда и брзо ја проширила својата моќ кон централна и западна Индија, искористувајќи ги несогласувањата на локалните сили, по заминувањето на армиите на Александар Македонски.[3]
Кина во 4 век п.н.е. влегла во период на постојана војна позната како Периодот на завојуваните држави.[4] Овој периодот го одбележува брзиот подем на големите држави (како на пр. Чу) во однос на помалите, благодарение на технолошкиот напредок. Иако овој период историчарите обично го карактеризираат како премногу насилен во споредба со Периодот на пролет и есен, сепак имало подем во некои културни и општествени подрачја со ширењето на различни секти на конфуцијанството и таоизмот.
Откритија
[уреди | уреди извор]- Најстариот запис напишан на Брами писмото датира од овој период. Брами е зачетокот на индиското писмо кое се користело во поголем дел од Индија и Југоисточна Азија.
- Римјаните го изградиле својот прв аквадукт.
- Кинезите за првпат го користеле рачниот самострел.
- Првиот самострел во Европа, гастрафетот, бил измислен во Сиракуза (околу 421 г. п.н.е.).
- Во Грција, Аристотел ја предложил поделбата на познатите науки.
- Била направена торква (вид на накит) кој на краевите имал глава од лав. Откриен е примерок кој потекнува од Суза (современ Иран), а денес се наоѓа во Музејот Лувр во Париз.
- Персискиот дарик била монета која првично била кована под Дариј I од Персија. Денес се чува во Хеберден одделот за монети, во Ешмоловиот музеј во Оксфорд.
- Во втората половина на 4 век п.н.е. била изградена Гробница II, наречена Гроб на Филип II Македонски, во Вергина, Егејска Македонија.
- Почнувајќи од 309 г. п.н.е., подоцнежниот кинески историчар Сима Киан (145 г. п.н.е. – 90 г. п.н.е.) запишал дека инженерот Би Линг од скоро освоената држава Шу, во Сечуан, го пресекол работ на една планина, со што го создал „Одделениот рид“ при што се снижило коритото на реката Мо и ископал два канала во рамнината на Ченгду. Ова овозможило создавање на нов систем за наводнување за површина од околу 60 × 80 км, населена со над пет милиони жители, кој е до ден денес во употреба.[5]
- Кинескиот астроном Ган Де ја поделил небесната сфера на 365 ¼ степени, а тропската година на 365 ¼ дена, во време кога повеќето астрономи ја користеле вавилонската поделба на небесната сфера на 360 степени.[6]
- Бил измислен првиот логички систем од страна на Панини во Махаџанападе во древна Индија, напишан на Санскрит.
Личности
[уреди | уреди извор]- Агнодика, жена лекар и бабица во Атина.
- Александар III Македонски, р. Пела, 20 јули, 356 п.н.е. — Вавилон, 10 јуни, 323 п.н.е., бил е крал на Македонија (336-323 г. п.н.е.). Тој е еден од најуспешните војсководци во историјата на човештвото. Александар ја покорил моќната Персиска Империја, вклучувајќи ја Анадолија, Сирија, Египет и Месопотамија, и ги проширил границите на Македонија дури до Авганистан и Индија. Александар кон освоените култури се однесувал со почит, интегрирајќи немакедонци во неговата војска и администрација, воден од мислата да создаде светска држава.
- Антигон I Едноокиот, генерал во војската на Александар III Македонски и зачетник на Антигонидската династија.
- Антипатар Македонски, крал кој бил приврзаник на Филип II Македонски и Александар III Македонски.
- Атропат, персиски благородник и гувернер на Медија за време на Дариј III и Александар III Македонски.
- Бес Бактријски, персиски гувернер на Бактрија.
- Ву Лин од Џао, владетел на Џао.
- Дариј III, владетел на Првата персиска империја.
- Деметриј I Опсадникот, крал на Македонија.
- Демостен, атински државник и оратор.
- Дана Нанда, последниот владетел на династијата Нанда.
- Епаминонда, тебански војсководец и државник.
- Касандар, крал на Македонија и основач на градот Солун.
- Кратер, македонски војсководец во служба на Александар III Македонски.
- Лизимах, македонски офицер и наследник на Александар III Македонски.
- Махападма Нанда, владетел и основач на династијата Нанда.
- Маниј Куриј Дентат, римски државник.
- Нектанеб II, последниот автохтон фараон на Египет.
- Панк Јуан, кинески генерал.
- Парменион, македонски генерал во служба на Филип II Македонски и Александар III Македонски.
- Пелопида, тебански државник и генерал.
- Пердика, македонски генерал во служба на Александар III Македонски.
- Птоломеј I Сотер, македонски гувернер и крал на Египет.
- Пор, крал на индиското кралство Пурва.
- Селевк I Никатор, македонски гувернер и основач на Селевкидската империја.
- Сјао Гун од Цин, владетел на кинеската држава Цин.
- Су Цин, кинески политичар и стратег.
- Тиан Џи, кинески генерал.
- Филип II Македонски (382-336 п.н.е.), крал на Македонија (359-336 г. п.н.е.), извршил реформи во државата и вовел постојана платена војска со прочуената Македонска фаланга, ја проширил Македонската држава до Црното Море на исток и до Јадранското Море на запад, на југ ја освоил Тесалија, ги победил Атина и Теба и се поставил за хегемон (водач) на Коринтската лига, сојуз на грчките држави и Македонија за борба против Персија. Бил татко на Александар III Македонски.
- Хефестион, македонски благородник и генерал во војската на Александар III Македонски.
- Чандрагупта Маурија, основач и прв владетел на Мауријското кралство.
- Џан И, кинески стратег.
- Шан Јан, кинески мислител и државник.
Ликовна уметност
[уреди | уреди извор]- Апел, грчки сликар
- Кефисодот Постариот, грчки вајар
- Леохар, грчки вајар
- Лизип, грчки вајар
- Праксител, грчки вајар
- Скопас, грчки вајар и архитект
Литература
[уреди | уреди извор]- Деметриј Фалерски, грчки реторичар
- Исократ, грчки реторичар и писател
- Ксенофонт, грчки историчар и писател
- Менандар, грчки писател
- Онесикрит, грчки историчар кој го придружувал Александар III Македонски во походот низ Азија
- Симонид од Кеос, грчки лирски поет
- Цјуј Јуан, кинески поет
Наука и филозофија
[уреди | уреди извор]- Анаксимен од Лампсака, грчки реторичар и историчар
- Антистен, грчки филозоф
- Архит, грчки филозоф и математичар
- Аристип, грчки филозоф и ученик на Сократ
- Аристотел, грчки филозоф и научник
- Ву Цин, кинески воен стратег и филозоф
- Диоген, грчки филозоф
- Епикур, грчки филозоф
- Зенон од Китиум, грчки филозоф
- Калистен, грчки историчар кој го придружувал Александар III Македонски во походот низ Азија
- Ксенократ, грчки филозоф и ученик на Платон
- Ксенофонт, грчки историчар и писател
- Кратес од Теба, грчки филозоф
- Менг Це, кинески филозоф и најславен конфуцијанец
- Панини, индиски филозоф и писател
- Платон, грчки филозоф и математичар, ученик на Сократ
- Пирон, грчки филозоф и основач на ран скептицизам
- Софокле, грчки филозоф и писател
- Спеусип, грчки филозоф
- Сун Бин, кинески стратег
- Теофраст, грчки филозоф и книжевник
- Чанакја, индиски економист и политички советник
- Џуанг Це, кинески филозоф
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Dušanić, Slobodan (1983). Stari svet. Beograd: Narodna knjiga, Vuk Karadzic, Rad. стр. 98–163.
- ↑ Dušanić, Slobodan (1983). Stari svet. Beograd: Narodna knjiga, Vuk Karadzic, Rad. стр. 165–177.
- ↑ Dušanić, Slobodan (1983). Stari svet. Beograd: Narodna knjiga, Vuk Karadzic, Rad. стр. 299–306.
- ↑ Dušanić, Slobodan (1983). Stari svet. Beograd: Narodna knjiga, Vuk Karadzic, Rad. стр. 307–315.
- ↑ Needham, Joseph; Gwei-Djen, Lu; Wang, Ling (1971). Science and Civilisation in China, Vol. 4: Physics and Physical Technology, Part 3: Civil Engineering and Nautics (англиски). Cambridge: Cambridge University Press. стр. 288. ISBN 9780521070607. Посетено на 18 јуни 2019.
- ↑ Deng, Yinke (2011). Ancient Chinese Inventions (англиски) (3. изд.). Cambridge: Cambridge University Press. ISBN 9780521186926. Посетено на 28 март 2011.