.cs
Воведен | ca. 1990 |
---|---|
Тип на домен | Највисок државен домен |
Состојба | Прекинат |
Регистар | Нема |
Покровител | Нема |
Наменета употреба | Ентитети поврзани со Чехословачка (првично, до бришењето) и подоцна Србија и Црна Гора (резервирано, но никогаш искористено) |
Фактичка употреба | Се користело во Чехословачка и било прекинато користењето по појавата на .cz и .sk, никогаш не бил користен за време на постоењето на Serbia and Montenegro |
Ограничувања на рестрацијата | Не можат да се прават регистрации |
Состав | Не постои |
Правила при спор | Нема |
Мреж. место | None |
.cs — највисок државен домен кој бил користен во Чехословачка. Сепак, до поделбата на Чешка и Словачка во 1993 година, и двете земји си добиле нови домени: .cz и .sk. Употребата на .cs се истиснувала пополека, и доменот бил избришан во јануари 1995 година.
По бришењето на .yu in 2010 година, .cs бил најчесто употребуваниот доменкој некогаш бил избришан. Статистиките од RIPE покажуваат дека дури и во јуни 1994 година, многу голем дел од разговорите се воделе на .cz и .sk, но .cs сѐ уште имал 2,300 опслужувачи. За споредба, други избришани домени (.nato и .zr) никогаш немале повеќе од 10 сервеи.
Во јули 2003 години, CS станува домен за Србија и Црна Гора, и како таков останал сè до 2006 година, кога земјата се поделила на домените .rs и .me. Сепак, Србија и Црна Гора не го користеле доменот .cs, туку продолжиле д го користат југословенскиот домен .yu.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- (српски) "Srbija i Crna Gora - koje će biti ime domena? Internet domen Srbije: RS, SS, SP, SQ, SW ili SX" Архивирано на 21 ноември 2019 г., Elitesecurity, February 5, 2003.