[go: up one dir, main page]
More Web Proxy on the site http://driver.im/Прејди на содржината

Сурутка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сурутка
Цвик
Сурутка во стаклен сад по правењето на сирење
Хранлива вредност на 100 г
Енергија112 kJ (27 kcal)
5,14 g
Шеќери5,14 g
0,36 g
0,85 g
Минерали
Калциум
(5 %)
47 мг
Други состојки
Вода93,12 g
Постотоците се приближно пресметани според препораките за возрасни лица во САД.
Извор: База за хранливост — USDA

Сурутка[1][2] или цвик[3][4] — течност што останува по згрутчувањето (коагулирањето) на млекото; тоа е нуспроизвод од производството на сирење или казеин и има повеќе комерцијални употреби. Сурутката се користи во производството на разни сирења и многу други производи за човечка исхрана. Исто така, служи како додаток во многу прехранбени производи, вклучувајќи леб, крекери и комерцијални колачи, како и добиточна храна. Белковините од сурутка се состојат првенствено од α-лакталбумин и β-лактоглобулин. Во зависност од начинот на производство, сурутката може да содржи и гликомакропептиди (GMP).

Белковината од сурутка која се одвојува од оваа смеса често се продава како додаток во исхраната. Ваквите додатоци се особено популарни во бодибилдингот. Течната сурутка содржи лактоза, витамини и минерали, како и масти во мали количини. Истражувачите од Лундскиот универзитет во Шведска заклучиле дека сурутката веројатно го стимулира ослободувањето на инсулин. Тие, исто така, откриле[5] дека додатоците на сурутка може да помогнат во регулирањето и намалувањето на наглите зголемувања на нивото на шеќер во крвта кај луѓето со дијабетес тип 2 така што го зголемуваат лачењето инсулин.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]