[go: up one dir, main page]
More Web Proxy on the site http://driver.im/Прејди на содржината

Снукер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Стандардна маса за снукер; топките се прикажани во правилен однос пред почетниот удар (break-off), a белата топка (cueball) се наоѓа внатре во полукругот познат и како D или баулк во чии граници се изведува почетниот удар. Вредноста на топките е следнава: * црвените топки - секоја вреди еден бод * жолта топка - 2 бода * зелена топка - 3 бода * кафена топка - 4 бода * сина топка - 5 бода * розова топка - 6 бода * црна топка - 7 бода

Снукерот (од англ. snooker) е билјардски спорт во кој покрај прецизност, важни се и математиката и физиката. Се игра на маса во облик на правоаголник покриена со зелена чоја. Масата има димензии 3,66 x 1,83 м, a дупките на масата се наоѓаат во сите четири агли на масата, плус уште две кој се сместени на средината, од двете страни. За натпреварување потребни се два (сингл) или четири играчи (ако се игра во парови), стап, бела топка (т.н. cueball), петнаесет црвени топки (секоја при уфрлување во дупка вреди 1 бод) и шест топки во различни бои кој имаат вредност од 2 до 7, зависи од тоа која топка е уфрлена (Највредна е црната топка-7, розовата-6, сината-5, кефената-4, зелената-3 и жолтата-2 бода). Играчот (или парот) освојува рамка (frame) откако ќе освои поголем број на бодови од противникот (кој мора да ја предаде рамката ако смета дека не може да го достигне својот противник), притоа го корити врвот на стапот и својата вештина за уфрлување на црвени топка, после која секоја црвена, треба да уфрли една било која обоена топка. Секој меч се игра на однапред договорен број на рамки, а победува играчот кој прв ќе стигне до бараната бројка на рамки.

Играта е многу популарна во земјите од англиското говорно подрачје, државите од Комонвелтот и на Далечниот Исток (најмногу во Кина). Најдобрите професионални играчи во текот на кариерата заработуваат повеќемилионски суми изразени во британски фунти, само од наградните фондови на турнирите. Најпознат турнир во Снукер е т.н. Светско првенство кое се одржува традиционално на крајот од сезоната во Шефилд, а започнува во втората половина на месец април.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

Странски

[уреди | уреди извор]

Македонски

[уреди | уреди извор]