[go: up one dir, main page]
More Web Proxy on the site http://driver.im/Прејди на содржината

Самрак

Од Википедија — слободната енциклопедија
Самрак на отворено море

Самрак е времето помеѓу зората и изгрејсонцето и времето помеѓу зајдисонцето и квечерината. Сончевата светлина поминува низ Земјината атмосфера го осветлува долниот дел од атмосферата и површината на Земјата не е целосно темна ниту пак целосно светла. Самото сонце не е видливо бидејќи тогаш се наоѓа зад хоризонтот. Самракот отсекогаш бил популарен кај фотографите и сликарите, кои го нарекуваат син час, по францускиот израз l'heure bleue.

Самракот како мотив во уметноста и во популарната култура

[уреди | уреди извор]
Самрак над Охридското Езеро
  • „Самрак“ (англиски: Twilight) — песна на ирската рок-група „Ју Ту“ (U2) од 1981 година.[1]
  • „Зона на самракот“ (хрватски: Zona sumraka) — песна на хрватската рок-група „Филм“ од 1982 година.[2]