[go: up one dir, main page]
More Web Proxy on the site http://driver.im/Прејди на содржината

Ризом

Од Википедија — слободната енциклопедија
Морфологија на ризом: I, II - лузни од изданоците од претходните две години; III - изданок од оваа година; k1, k2 - спиечки (дормантни) пупки; 1 - 5 - лузни од листови.

Ризом (од старогрчки: ῥίζωμα) или кореништeвидоизменетo стеблo кај некои повеќегодишни тревести растенија коe можe да бидe хоризонтално или косо поставенo во однос на површината на земјата. Од долната страна на ризомот се наоѓаат дополнителни (адвентивни) корења, додека странично или од горната страна се развиваат пупките на новиот летораст. Првенствено служат како резервоари за храна која му е потребна на надземниот изданок за идната вегетациска сезона или за вегетативно размножување.[1] Во ризомите на некои видови растенија (како ѓумбир, куркума, момина солза, шаш) се создаваат и се насобираат вторични метаболити кои се одговорни за лековитите својства или отровноста на овие растенија.

Ризомите може да бидат:

  • прости или разгранети (моноподијално или почесто симподијално)
  • хоризонтални, вертикални или коси
  • долги, кратки или силно скртаени (со зближени стеблени коленца)
  • дебели, тенки, сочни или задрвенети.

Според тоа дали растат нешто над земјата или под површината на земјата, разликуваме епигени и хипогени ризоми, соодветно.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Радиша Јанчић (2010). Речник ботаничких морфолошких појмова. Београд. ISBN 978-86-7025-507-4.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]