Од Википедија — слободната енциклопедија
Шарл IV, наречен Убавиот (роден на 18 јуни 1294 во Клермон - починал на 1 февруари 1328 во Венсен) бил последниот крал на Франција од Капетинската династија. Тој бил и крал на Навара и гроф од Шампањ. Шарл бил третиот и најмал син на кралот Филип IV и Јована I Наварска.
За време на неговото владеење избила војната против Англија за Аквитанија. Шарл започнал да гради тврдина во Сен Сардос, во англискиот дел на Аквитанија. Потиснати од Англичаните, локалните земјопоседници го запалиле селото, што претставувало повод за војната. Неговата помала сестра, Изабела, која била жена на англискиот крал Едвард III Плантагенет посредувала во решавање на спорот во 1325 година. По посредството, одбила да му се врати на сопругот.
Како за возврат, во 1326 и 1327 година, Шарл ѝ помогнал на својата сестра Изабела против нејзиниот сопруг Едвард II.
Во време на владеењето на кралот Шарл IV биле зголемени даноците, а зачестено било и конфискувањето на имотите на непријателите на кралот.
Како и неговите браќа и Шарл IV починал без да остави машки наследник. Со тоа завршила директната линија на наследство на Капетинската династија. Според Салискиот закон, ќерката на кралот не може да биде наследник. Во моментот на смртта на кралот, неговата жена била бремена, па бил поставен регент. За регент бил поставен Филип Валоа. Бидејќи и новороденчето било девојче, Филип Валоа станал крал. Но, и англискиот крал Едвард III Плантагенет полагал право на круната, што само ги заострило односите меѓу двете земји и претставувало повод за англиско-француските војни.
|