Шалвари
Шалвари[1][2] — широки, лесни панталони кои, чие користење под влијание на Отоманското Царство, се проширило во балканските земји каде што османлиското влијание било доминантно. Ги носеле и мажи и жени, иако најчесто се класифицирани како делови од женски народни носии. Шалварите потекнуваат од античка Персија, потоа стигнале до балканската територија преку Јужна Азија и бројни земји на Отоманското Царство. Димиите се вид шалвари.
Изглед
[уреди | уреди извор]Шалварите биле со едноставен крој без џебови, широки во струкот, додека околу глуждовите биле целосно стеснети. Постоеле многу варијации во изгледот на шалварите, така што некаде биле целосно рамен крој, а можело да бидат украсени со реси на дното. Биле правени од бела, црна или темносина ткаенина, украсени со везови со црвен гајтан, додека кај муслиманите гајтаните биле зелени.[3] Тие биле задолжителен дел од женските народни носии, обично биле превиткувани во брчки, а имало и такви за свечени пригоди украсени со ширити и златовезни гајатани.[4]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „шалвари“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „шалвари“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „Народне ношње“. 2011. Архивирано од изворникот на 27 декември 2012. Посетено на 22 април 2019.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ Вукановић, Татомир (1978.). Врање. Врање: Раднички Универзитет у Врању. стр. 158–159. Проверете ги датумските вредности во:
|year=
(help)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Харем панталони Архивирано на 11 октомври 2021 г.
- Народни носии во Босна и Херцеговина