[go: up one dir, main page]
More Web Proxy on the site http://driver.im/Прејди на содржината

Перикле

Од Википедија — слободната енциклопедија
Биста на Перикле, римска копија на делото на грчкиот вајар Кресилас, Ватикански музеј, Рим.

Перикле (старогрчки: Περικλής, 495 п.н.е., Атина - 429 п.н.е., Атина) бил старогрчки говорник, државник, војсководец и владетел. Неговото значење особено дошло до израз во времето на Грчко-персиските војни и во Пелопонеската војна, а периодот на неговата најголема политичка моќ (461 п.н.е.429 п.н.е.) во историјата е познато како Периклово време и како „Златниот век“, зашто тогаш Атина била на вровот на својата економска и воена моќ.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Името Перикле е изведено од старогрчките зборови „περί“ и „κλέος“ што значат „опкружен со слава“.

Перикле је искористил победата на Грците над Персијанците, како и јакнењето на атинската морнарица и го преобразил Делскиот сојуз во Атинската поморска држава, а на Атина ѝ донел најголема моќ и слава во нејзината историја. За стратег на Атина бил избран 14 пата по ред, нешто што не му испеало никому до тогаш. На војнички план, неговите воени походи ги обезбедиле стратегиските интереси на Атина, како на копно, така и на море. Перикле бил на чело на Атина до 429 п.н.е, (втората година од Пелопонеската војна), кога умрел како жртва на епидемијата која ја погодила Атина.

Перикле бил и голем покровител на уметноста, книжевноста и науката и за време на својата власт ја претворил Атина во центар на културата на античкиот свет. Така, тој ги подигнал некои од најубавите градби на античкиот свет, како што е атинскиот Акропол со Партенон.[1] исто така, тој иницирал низа закони во корист на народот, кои биле на штета на аристократијата на која ѝ припаѓал тој. Бидејќи ги поддржувал народните маси, многумина сго нарекувале популист.[2][3] Неговите продемократски ставови најдобро се изразени во неговиот посмртен говор одржан во чест на атинските војници погинати во Пелопонеската војна, а кој е цлеосно сочуван благодарение на Тукидид кој го нарекол Перикле „прв човек на тина“.

Според патописецот Павзанија, гробот на Перикле се наоѓал во близината на Керамикон, во близината на гробот на херојот Тразибул.[4]

  1. -{L. de Blois, An Introduction to the Ancient World}-, 99.
  2. -{S. Muhlberger}-, -{Periclean Athens}-.
  3. -{S. Ruden, Lysistrata}-, 80.
  4. Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 320.