[go: up one dir, main page]
More Web Proxy on the site http://driver.im/Прејди на содржината

Лојна

Координати: 51°19′N 12°01′E / 51.317° СГШ; 12.017° ИГД / 51.317; 12.017
Од Википедија — слободната енциклопедија
Лојна
Административен објект во Лојна
Административен објект во Лојна
Административен објект во Лојна
Грб на Лојна
Лојна во рамките на Германија
Лојна
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија-Анхалт
Округ Зале
Градски единици 5
Градоначалник Дитлинд Хагенау
Основни податоци
Површина 83 км2
Надм. височина 99 м
Население 14.011 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 169 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. SK
Пошт. бр. 06237
Повик. бр. 03461
Портал www.leuna-stadt.de
Местоположба на градот Лојна во рамките на округот Зале
Карта
Карта
Координати 51°19′N 12°01′E / 51.317° СГШ; 12.017° ИГД / 51.317; 12.017

Лојна (германски: Leuna) — град во округот Зале, Саксонија-Анхалт, источна Германија, јужно од Мерзебург и Хале. Познат е по Leunawerke, на 13 км² е еден од најголемите хемиски индустриски комплекси во Германија,[2] каде се произведува широк број на хемикалии и пластики. Во 1960, населението во градот било скоро 10.000, но високата стапка на невработеност и сиромашните услови за живот, вклучувајќи го и загадувањето од соседните индустрии, предизвикале голема миграција надвор од градот. Пред припојувањето на соседните општини на 31 декември 2009, неговото население било 6.670.

Поглед од Бад Диренберг

Првата хемиска фабрика во Лојна била изградена во 1916 од BASF и произведувала амонијак, најпрвин за употреба за производство на експлозиви, а по 1919 за ѓубрива. Местото било одбрано поради неговата близина до рудниците за јаглен (кафен јаглен); хемиските фабрики на местото главно биле основан на синтетички гас (водород и јаглерод моноксид). Во 1920, фабриката Лојна била овластена за комерцијална употреба на хидрогенизацијата на јагленот,[3] и производството започнало на 1 април 1927.[4] Местото (имот на IG Farben по 1926) било брзо проширено во 1920-тите и 1930-тите, со фабрики за производство на метанол, синтетичка нафта добиена од хидрогенизација на јагленот, амини и детергенти.[5]

Втора светска војна

[уреди | уреди извор]

IG Farben во Лојна бил предводен од Хајнрих Битефиш[6] и била втората најголема фабрика за синтетичка нафта во Нацистичка Германија и втората најголема хемиска операција. Лојна била првата фабрика за тестирање на процесот Бергиус, кој ја синтетизирал нафтата од лигнит (кафен јаглен катран во 1944).[7] Лојна покривала три км2 земја со 250 згради, вклучувајќи помошни згради надвор од главните фабрики и вработувала 35.000 работници (вклучувајќи 10.000 затвореници и принудна сила). 14-та пешадиска дивизија одговорна за заштита на Лојна имала 28.000 војници, 18.000 помошен персонал, 6.000 машки и 3.050 женски помошници, 900 унгарски и италијански 'волонтери', 3.600 руски хиви и 3.000 други, така создавајќи ја вкупната бројка од 62.550 луѓе.[8] Повеќе од 19.000 работници во Лојна биле членови на организацијата за заштита од воздушни напади, која управувала повеќе од 600 радар наведувани пиштоли (воздушните сили се состоеле од 5.000 мажи и жени). Вкупно 6.552 бомбашки напади и 2 RAF напади паднале над 18.328 тони на бомби во Лојна.[9]

Како најтешко бранена индустриска цел во Европа, Лојна станала толку темна од нападите, германските чадни садови и екплодираните резервоари на нафта, па така „ние немавме идеја колку близу се нашите напади до целта.“ (Том Ландри, втор пилот на B-17 и подоцна тренер на Далас Каубој). Во ведрите денови, само 29% од бомбите паѓале на Лојна внатре во индустрискиот коплекс; бројот на напади паднал на 5,1%. Во текот на првиот напад од нафтената кампања во Втората светска војна, загинале 126 работници во Лојна. Меѓутоа, откако се зголемила одбранат, само 175 работници загинале во 21 последователни напади. Бомбардирањето на Лојна од 12 мај 1944 до 5 април 1945 ги чинело 1.280 пилот од Осмата воздушна дивизија. Во три посебно напади на Осмата, 119 авиони биле загубени и ниедна бомба не паднала на Лојна.[10] Осмата воздушна дивизија фрлила 12.953 тони експлозиви на Мерзебург.

По војната

[уреди | уреди извор]
Leuna-Werke во 1991

По делумното уништување во Втората светска војна и испораката на неколку фабрики во Советскиот Сојуз како воена оштета, местото Лојна била обновено и понатаму проширена, како „VEB Leuna-Werke Валтер Улбрихт“. Во 1950-тите била изградена нафтена рафинерија, која преработувала руска сурова нафта. Ова понудило можност за производство на широк асортмина на нафтени хемикалии и пластики.

По обединувањето

[уреди | уреди извор]

По повторното обединување на Германија во, Лојна била поделена на неколку помали компании кои биле продадени на Total S.A. (кои изградиле целосно нова нафтена рафинерија во Лојна), BASF, Linde AG, и белгиската DOMO Group. Заеднички објекти за компаниите се обезбедени од InfraLeuna[11] QUINN Chemicals инвестирала во фабрика за производство на метилметакрилат (MMA), но изградбата била запрела во јануари 2009, поради пречекорување на трошоците и влошување на условите на пазарот.[12]

  1. „Население по општини на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба на Саксонија-Анхалт. јуни 2023. (германски)
  2. „InfraLeuna“. Архивирано од изворникот на 2012-02-24. Посетено на 2012-01-17.
  3. „1920 - Hydrocracking“. Посетено на tbd. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  4. Fischer-Tropsch Synthesis, Catalysts and Catalysis. Elsevier. 2006-11-06. ISBN 978-0-08-046675-0.
  5. „Историја на Лојна“. Архивирано од изворникот на 2007-07-11. Посетено на 2012-01-17.
  6. Speer, Albert (1970). Inside the Third Reich. Translated by Richard and Clara Winston. New York and Toronto: Macmillan. стр. 415. ISBN 978-0-684-82949-4. LCCN 70 Проверете ја вредноста |lccn= (help). Занемарен непознатиот параметар |orig-date= (help)
  7. „Untitled Document“.
  8. Germany and the Second World War: Volume VII: The Strategic Air War in Europe and the War in the West and East Asia, 1943-1944/5. Clarendon Press. 1990. ISBN 978-0-19-822889-9.
  9. D'Olier, Franklin (Chairman) (September 30, 1945). „The Attack on Oil“. The United States Strategic Bombing Survey Summary Report (European War). Air University Press. Посетено на 2009-02-10. Укажано повеќе од еден |author= и |last= (help)
  10. Miller, Donald L. (2006). Masters of the Air: America's Bomber Boys Who Fought the Air War Against Nazi Germany (html—Google books). New York: Simon & Schuster. стр. 314–9. ISBN 978-0-7432-3544-0.
  11. „Компании во Лојна“. Архивирано од изворникот на 2012-02-24. Посетено на 2012-01-17.
  12. 'Quinn Mothballs €150 million Plant