Војвода
Војвода (потекнува од старословенскиот јазик, со буквално значење „оној кој предводи воини“ или „воен водач“) — словенска титула кој првично го именува главниот командант на воените сили.
Изразот постепено почнал да се однесувал на управувач на покраина, област, а областа под управна власт на војводата се нарекува Војводство. Во англискиот јазик, изразот војвода честопати се преведува како принц, а во словенската терминологија рангот на војвода во некои случаи се изедначува со германската титула херцог. Денес во Полска, изразот војвода се однесува на управник на покраина, односно војводство.
Титулата се користела во средновековна Македонија, Бугарија, Србија, Босна, Хрватска, Чешка, Грција, Трансилванија, Полска, Русија, Молдавија, Влашка, Риген [1] и др. Во средновековни кнежевства Молдавија и Влашка, терминот војвода станал дел од официјалните титулари на суверениот принц, и го означувале правото за раководење на цела армија. Војвода или вајда исто така бил титула на унгарскиот упраниците на Трансилванија во средниот век.
Најпосле, во Отоманското Царство, водачите на ајдутите и на комитските чети на Балканскиот Полуостров се нарекувале војводи.
Војводите како мотив во народното творештво
[уреди | уреди извор]- „Радул војвода“ — македонска народна песна.[2]
- „Момчула војвода“ - македонска епска народна песна.[3]
- „Сирма војвотка“ - македонска народна песна.[4]
- „Чавдар војвода и Лалуш“ - македонска народна песна.[5]
- „Илјо војвода“ - македонска народна песна.[6]
- „Страил страшен војвода“ - македонска народна песна.[7]
- „Џемаил ага и Иванчо војвода“ - македонска народна песна.[8]
- „Датунџо војвода“ - македонска народна песна.[9]
- „Ранет Делчев војвода“ - македонска народна песна.[10]
- „Мануш војвода“ - македонска народна песна.[11]
- „Станиш војвода“ - македонска народна песна.[12]
- „Низ Петлец идат трима војводи“ - македонска народна песна.[13]
- „Смртта на војводата Пријезда“ - српска народна песна.[14]
- „Маргита девојка и Рајко војвода“ - српска епска песна.[15]
Војводите како мотив во книжевноста
[уреди | уреди извор]- „Војвода“ — песна на рускиот поет Александар Пушкин.[16]
- „Татунчо“ - песна на Кочо Рацин.[17]
- „Дејан Војвода“ - песна на македонскиот поет Наум Целакоски.[18]
Војводите како мотив во музиката
[уреди | уреди извор]- „Војвотка“ (англиски: Duchess) - песна на британската рок-група „Стренглерс“ (The Stranglers) од 1979 година.[19]
Извори
[уреди | уреди извор]- ↑ Die Sprache der slawischen Bewohner des Ostseeraums
- ↑ Македонски народни балади, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 63-65.
- ↑ Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 35-38.
- ↑ Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 78-79.
- ↑ Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 79-84.
- ↑ Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 84-85.
- ↑ Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 86-89.
- ↑ Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 90-91.
- ↑ Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 105-106.
- ↑ Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 109-110.
- ↑ Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 113.
- ↑ Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 113-114.
- ↑ Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 118-119.
- ↑ Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 234-237.
- ↑ Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 326-330.
- ↑ A. S. Puškin, Lirika. Rad, Beograd, 1979, стр. 238-240.
- ↑ Кочо Рацин, Бели мугри. Скопје: Кочо Рацин, 1963, стр. 21.
- ↑ Наум Целакоски, Пролог, 1998, стр. 37.
- ↑ DISCOGS, The Stranglers – The Raven (пристапено на 24.4.2021)