[go: up one dir, main page]
More Web Proxy on the site http://driver.im/Прејди на содржината

Џалуит

Од Википедија — слободната енциклопедија
Џалуит
Сателитска снимка на атолот.
Географија
МестоТихи Океан
Координати05°55′18″N 169°38′33″E / 5.92167° СГШ; 169.64250° ИГД / 5.92167; 169.64250
АрхипелагРалички Острови
Вкупно острови91
Површина11,34 км2
Држава
Демографија
Население1669 (1998)
Етнички групиМаршалци
Поглед кон атолот во 1978.

Џалуит (маршалски: Jālwōj или Jālooj[1]) е корален атол во Тихиот Океан составен од 91 мало островче. Атолот е дел од Раличките Острови во Маршалските Острови и претставува една од општините во државата. Атолот има вкупна површина од 11.34 км2 и лагуна од 690 км2. Атолот се наоѓа на околу 220 км југозападно од Маџуро. Според податоците од 1999 година на атолот имало 1.669 жители.

Историја

[уреди | уреди извор]

Во 1884 година атолот бил под германска контрола и дел од Германска Нова Гвинеја. По Првата светска војна атолот бил под јапонска контрола, а по Втората светска војна под американска. Во 1986 година Маршалските Острови станале независни и атолот станал дел од новата држава.

  • L, Klemen (1999–2000). „Forgotten Campaign: The Dutch East Indies Campaign 1941-1942“. Архивирано од изворникот на 2011-07-26. Посетено на 2012-03-18.CS1-одржување: датумски формат (link)

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]