[go: up one dir, main page]
More Web Proxy on the site http://driver.im/Прејди на содржината

Јотуни

Од Википедија — слободната енциклопедија
Современ пример

Јотуни (старонордиски: Jötunn) — џинови од семејството хримтурси (мразни џинови), правнуци на Имир. Јотуните живееле во Јотунхајм и Нифлхајм, се одликувале по својата сила и раст и биле противници на Асите и луѓето. Од една страна, јотуните се древни џинови, првите жители на светот, кои со време им претходат на боговите и луѓето. Од друга страна, тие се жители на студена, карпеста страна на северниот и источниот раб на земјата (Јотунхајм, Утгард), претставници на елементарните ѓаволски природни сили, непријатели на Асите. По секоја цена се стремеле да ги одземат од последните сопруги — божиците Фреја и Идуна, нивните волшебни својства — чеканот на Тор, помладувачките јаболка на Идуна, прстенот Драупнир итн. На крајот, мразните џинови биле поразени од Асите, водени од Один.[1]

  1. Scott, Jess (2021-10-08). „Who are the Jötnar in Norse Mythology?“. Life in Norway (англиски). Посетено на 2023-11-12.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]