Јабука
Јабука Јабука | ||
---|---|---|
Село | ||
Местоположба на Јабука во Србија | ||
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 526: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Војводина" does not existМестоположба на Јабука во Војводина | ||
Координати: 44°56′35″N 20°35′35″E / 44.94306° СГШ; 20.59306° ИГД | ||
Земја | Србија | |
Покраина | Војводина | |
Округ | Јужнобанатски | |
Општина | Панчево | |
Надм. вис. | 79 м | |
Население (2011) | ||
• Јабука | 6,312 | |
Час. појас | CET (UTC+1) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
Поштенски код | 26201 | |
Повик. бр. | +381(0)13 | |
Рег. таблички | PA |
Јабука (српски: Јабука , унгарски: Torontálalmás, германски: Apfeldorf) — село сместено во општината Панчево, во Јужнобанатскиот Округ, во автономната покраина Војводина, Србија. Јабука претставува населено место во Србија со најголем удел на Македонци и нивно важно култуно средиште во Војводина. Населението брои 6.312 жители, од кои 2.054 се Македонци, преселени претежно од Кривопаланечко, заземајќи го местото на иселените Германци. Жељко Тодоровиќ е актуелен претседател на месното генерално собрание на Јабука.
Демографија
[уреди | уреди извор]Во Јабука живеат 5.035 полнолетни жители, а просечната старост на населението е 37,9 години (37,0 кај мажите и 38,7 кај жените). Во населбата има 1.807 домаќинства, а просечниот број на членови во домаќинство е 3,41.
Кон крајот на Втората светска војна селото е напуштето од страна на најголемиот број жители. Истото по 1945 година е населено со колонизирани жители од Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и други места од нова Југославија.
Од 500тини семејства во селото, околу 400 од нив имаат потекло од Македонија. И тоа највеќе од кривопаланечко, а потоа и од крушевско, ресенско/Преспа, охридско, Порече, струшко и демирхисарско.
Македонски родови во Јабука
[уреди | уреди извор]Во селото Јабука се населиле македонски родови од следните области и села во Македонија, населени во периодот од 1946 до 1956 година:
- Станковиќи (3 к.), доселени од селото Баштево; Јовановски (3 к.), Петровски (1 к.), Трајковски (1 к.) и Додевски (1 к.) доселени се од селото Борово; Ристиќи (1 к.) и Јакимовиќи (2 к.) доселени се од селото Габер; Алексиќи (1 к.), Петровиќи (1 к.), Николиќи (1 к.), Јакимовиќи (1 к.), Атанасовиќи (1 к.) и Јакимовски (1 к.) доселени се од селото Градец; Додиќи (1 к.) доселени се од селото Гулинци; Стаменковиќи (2 к.), Стојилковиќи (2 к.), Стојановски (2 к.), Митиќи (2 к.), Димитријевиќи (3 к.), Анѓеловски (2 к.), Петровиќи (1 к.), Коциќи (1 к.), Атанасовиќи (2 к.), Стојовиќи (1 к.) и Спасевски (1 к.) доселени се од селото Добровница; Ѓоргијевски (1 к.), Ѓоргевиќи (1 к.) и Анѓеловиќи (1 к.) доселени се од селото Дрење; Велковиќи (1 к.), Давидовски (2 к.) и Арсеновски (2 к.) доселени се од селото Длабочица; Ристиќи (1 к.) доселени се од селото Дурачка Река; Јаневски (1 к.) и Ристиќи (2 к.) доселени се од селото Жидилово; Додиќи (2 к.), Додиќи (2 к.), Јовчиќи (1 к.), Спасиќи (1 к.), Спасиќи (2 к.), Китановиќи (1 к.), Бујковиќи (2 к.), Стојчиќи (1 к.), Спасиќи (1 к.), Величковиќи (1 к.), Китановиќи (1 к.), Михајловиќи (1 к.), Јовичиќи (4 к.), Цветановиќи (1 к.), Величковиќи (1 к.), Трајковски (2 к.), Митиќи (3 к.) и Петковиќи (1 к.) доселени се од селото Герман; Митевски (1 к.) доселени се од селото Киселица; Стојановски (1 к.) и Митевски (2 к.) доселени се од селото Конопница; Стојановски (1 к.) доселени се од селото Кркља; Станојевски (1 к.) доселени се од селото Крстов Дол; Ѓошиќи (7 к.), Величковиќи (3 к.), Величковиќи (2 к.), Димчиќи (2 к.), Стаменковиќи (1 к.), Ристиќи (1 к.), Стојовски (1 к.), Јовановски (4 к.), Спасиќи (4 к.), Филиповиќи (1 к.), Јанковиќи (1 к.), Илиќи (1 к.), Јовановски (2 к.), Стојановиќи (1 к.), Стојковски (2 к.), Цветковиќи (1 к.) и Стојовски (1 к.) доселени се од селото Луке; Стефановиќи (2 к.) доселени се од селото Мартиница; Стојановиќи (2 к.), Петровиќи (1 к.), Станоевски (1 к.) и Додиќи (2 к.) доселени се од селото Метежево; Додиќи (3 к.), Трајковиќи (2 к.) и Пешиќи (3 к.) доселени се од селото Нерав; Јовановиќи (1 к.), Јаќимовски (1 к.), Пешиќи (2 к.), Димитријевиќи (1 к.), Бојковиќи (3 к.), Величковиќи (1 к.), Станковски (1 к.), Јаќимовиќи (2 к.), Анѓеловиќи (1 к.), Стојановиќи (2 к.), Николиќи (1 к.), Стојановски (1 к.), Анѓеловски (1 к.), Арсиќи (1 к.), Јовановски (4 к.), Николовски (1 к.), Пешиќи (1 к.), Илиќи (2 к.), Арсевски (1 к.) и Митиќи (2 к.) доселени се од селото Огут; Цветковиќи (1 к.), Стефановиќи (1 к.), Милковиќи (1 к.), Пешевски (3 к.), Ѓоревски (1 к.), Илиќи (1 к.), Јаќимовски (1 к.), Стефановиќи (1 к.), Стојевиќи (2 к.), Стоилковиќи (1 к.), Илиќи (2 к.), Спасиќи (2 к.) и Илиевски (1 к.) доселени се од селото Осиче; Цветановиќи (3 к.), Спасевски (4 к.), Трајковски (2 к.), Младеновиќи (1 к.), Симоновиќи (1 к.), Богдановски (2 к.), Николиќи (1 к.), Николовски (3 к.), Трајковиќи (2 к.), Спасиќи (1 к.), Стојановски (1 к.), Петковски (2 к.) и Андон (1 к.) доселени се од селото Петралица; Димитриевски (2 к.), Николовски (3 к.), Јаќимовиќи (1 к.), Јаќимовски (1 к.), Митковски (1 к.), Крстиќи (1 к.), Димитриевски (1 к.) и Станоеви (1 к.) доселени се од селото Подржи Коњ; Јаќимовски (1 к.), Младеновски (1 к.), Величковиќи (1 к.), Тоневски (1 к.), Цветановски (3 к.), Ваневски (1 к.), Анѓеловски (1 к.) и Јовановски (2 к.) доселени се од селото Псача; Станојевски (1 к.) доселени се од селото Узем.
Порече (Општина Македонски Брод)
- Лешниковци (4 к.), Поповиќи (1 к.), Маркоски (2 к.), Лазарески (2 к.), Танушевци (2 к.), Митрески (2 к.) и Карафилоски (1 к.) доселени се од селото Бенче; Ѓурчиноски (2 к.) и Темелко (1 к.) доселени се од селото Битово; Алексоски (3 к.) доселени се од селото Волче; Стојкоски (1 к.) доселени се од селото Инче; Неделковиќи (2 к.), Симјаноски (3 к.), Миновци (1 к.), Тренговци (2 к.), Дамчески (3 к.), Стојоски (1 к.), Николоски (3 к.), Неделкоски (1 к.), Петрески (1 к.) и Кузманоски (1 к.) доселени се од селото Звечан; Здравкоски (2 к.), Коруноски (4 к.), Симјаноски (1 к.) и Стојчески (2 к.) доселени се од селото Калуѓерец; Симјаноски (2 к.), Бежоски (1 к.), Ванески (2 к.), Секулоски (1 к.), Огњаноски (1 к.), Деспотоски (2 к.), Диниќи (1 к.), Јовески (2 к.), Стојаноски (1 к.), Маџоски (1 к.), Ставрески (1 к.), Трајаноски (4 к.) и Смилески (2 к.) доселени се од селото Ковач; Стојкоски (1 к.) доселени се од селото Косово; Николоски (1 к.) доселени се од селото Крапа; Стефаноски (2 к.), Мицкоски (2 к.), Смилески (1 к.), Наумоски (1 к.), Костадин (1 к.) и Лазаровци (1 к.) доселени се од селата Горно и Долно Крушје; Блажески (2 к.), Дуковци (2 к.), Дукоски (1 к.), Столески (2 к.), Дојчиноски (2 к.) и Димејца (1 к.) доселени се од селото Лупште; Јованоски (1 к.), Аврамоски (2 к.), Костоски (1 к.) и Конески (1 к.) доселени се од селото Могилец; Божовиќи (1 к.) и Миноски (3 к.) доселени се од селото Рамне; Волчески (1 к.), Новески (1 к.), Новески (1 к.) и Коруноски (2 к.) доселени се од селото Растеш; Цветановци (1 к.) доселени се од селото Слатина; Арсини (4 к.) и Стојчески (2 к.) доселени се од селото Сушица; Јованоски (3 к.), Илијески (1 к.), Трајаноски (1 к.), Димоски (1 к.), Ванески (2 к.), Симиќи (1 к.) и Лазарески (1 к.) доселени се од селото Томино Село; Здравковци (1 к.), Блажески (1 к.) и Крстески (1 к.) доселени се од селото Тополница; Милутин (1 к.) доселени се од селото Црешнево.
- Крстаноски (1 к.) доселени се од селото Брчево; Даскалоски (1 к.), Шурбаноски (1 к.), Шекуткоски (1 к.) и Пачески (2 к.) доселени се од селото Вевчани; Јованоски (1 к.) доселени се од селото Глобочица; Симоноски (1 к.), Петрески (1 к.), Тримовци (3 к.), Трпчески (1 к.), Геровци (1 к.), Грујоски (1 к.), Стојаноски (1 к.) и Стојкоски (2 к.) доселени се од селото Збажди; Јованоски (3 к.), Стојкоски (2 к.), Милевци (4 к.), Петрески (2 к.) и Трајчески (1 к.) доселени се од селото Локов; Бојкиноски (1 к.) и Голичоски (1 к.) доселени се од селото Октиси; Стевоски (2 к.) доселени се од селото Подгорци; Угриноски (1 к.) и Треноски (1 к.) доселени се од селото Присовјани; Шеќероски (1 к.) и Скрчески (1 к.) доселени се од селото Радожда; Марковци (3 к.) и Мирчески (1 к.) доселени се од селото Ржаново; Нестороски (4 к.), Лекоски (2 к.), Пауноски (1 к.), Јанкулоски (1 к.) и Николески (1 к.) доселени се од селото Ташмаруништа.
- Богданоски (1 к.) доселени се од селото Арилево; Андрески (1 к.), Спироски (2 к.), Павлоски (1 к.), Соколоски (1 к.), Ѓоргијоски (1 к.), Станојоски (1 к.), Станојоски 2 (1 к.) и Ѓоргијоски (1 к.) доселени се од селото Горно Дивјаци; Џивџановци (3 к.), Анѓелкоски (1 к.) и Петкоски (1 к.) доселени се од селото Долно Дивјаци; Крстески (1 к.), Дојчиноски (2 к.) и Шулески (1 к.) доселени се од селото Зашле; Мицковци (1 к.) доселени се од селото Мренога; Арсеније (1 к.) доселени се од селото Острилци; Ѓуроски (1 к.) доселени се од селото Прибилци; Вујачоски (1 к.) и Биљаноски (1 к.) доселени се од селото Пуста Река; Миајлески (2 к.) доселени се од селото Радово; Деспотоски (1 к.) доселени се од селото Растојца; Грозданоски (2 к.) и Брежески (3 к.) доселени се од селото Сопотница; Шурбановци (4 к.) доселени се од селото Цер.
- Ефтимовски (1 к.) доселени се од селото Асамати; Наумовски (3 к.) доселени се од селото Болно; Добриловски (1 к.) и Ванче (1 к.) доселени се од селото Долно Дупени; Качовски (1 к.) и Лазовски (1 к.) доселени се од селото Крушје; Тасевски (1 к.), Милошевски (1 к.), Божиновски (4 к.), Костевски (1 к.) и Ѓоргијовски (3 к.) доселени се од селото Лева Река; Денкини (1 к.), Чулаковски (1 к.), Најдевски (1 к.) и Васил (1 к.) доселени се од селото Љубојно; Митревски (1 к.) и Темелковски (1 к.) доселени се од селото Покрвеник.
- Илијески (1 к.), Тодороски (1 к.) и Јордан (1 к.) доселени се од селото Белица; Божиноски (2 к.) и уште две семејства доселени се од селото Брждани; Миленкови (1 к.) доселени се од селото Јудово; Попоски (3 к.) и Митаноски (1 к.) доселени се од селото Карбуница; Шулески (1 к.) доселени се од селото Мало Црско; Сиљаноски (2 к.), Јаковчески (1 к.), Дамјаноски (1 к.) и Стојаноски (1 к.) доселени се од селото Малкоец; Ристески (2 к.) и Јанакиески (1 к.) доселени се од селото Раштани; Мицковци (1 к.) доселени се од селото Русјаци; Мицковци (1 к.) доселени се од селото Староец.
- Ристовски (1 к.) и Михајловски (1 к.) доселени се од селото Габровник; Атанасовски (3 к.) доселени се од селото Крајници; Гочевски (1 к.), Јаневски (1 к.), Стојановски (1 к.) и Димитријевски (2 к.) доселени се од селото Мокрени; Димовски (1 к.), Маневски (1 к.), Јанковски (1 к.) и Атанасовски (2 к.) доселени се од селото Ораов Дол;
Полог (Гостиварско и Тетовско)
- Миновски (1 к.) доселени се од селото Блаце; Спасеви (2 к.), Јанкуловски (1 к.), Поповски (1 к.) и Поповски (3 к.) доселени се од селото Дуф; Апостоловски (1 к.), Аврамовски (2 к.), Анѓелковски (1 к.) и Тодоровски (1 к.) доселени се од селото Милетино; Серафимовски (1 к.) доселени се од селото Челопек.
- Симјанови (1 к.) доселени се од селото Белчишта; Стојаноски (1 к.), Наумоски (1 к.), Петрески (2 к.), Тасески (1 к.) и Ѓоре (1 к.) доселени се од селото Завој; Гоше (1 к.), Климе (1 к.) и Петре (1 к.) доселени се од селото Скребатно; Климе (1 к.) доселени се од Охрид.
Мала Преспа (во Албанија)
- Чабриловски (3 к.) доселени се од селото Глобочани; Ставревски (4 к.) доселени се од селото Зрновско; Наумовски (3 к.) и Томевски (1 к.) доселени се од селото Пустец.
Тиквеш (кавадаречко, неготинско и демиркаписко)
- Митревски (1 к.), Стојчевски (1 к.), Гроздановски (1 к.) и Ставревски (1 к.) доселени се од селото Бошава; Грно (1 к.) доселени се од селото Клисура; Николовски (1 к.) доселени се од селото Страгово; Николиќи (1 к.) доселени се од Кавадарци. А таму биле доселени како колонисти од Пирот; Маовски (1 к.) доселени се од Неготино.
- Грујоски (3 к.) доселени се од селото Пискупштина; Менкоски (2 к.) доселени се од селото Јабланица; Колески (1 к.) и Јовчески (1 к.) доселени се од селото Луково.
- Василевски (1 к.) доселени се од селото Бунеш; Спасиќи (1 к.) доселени се од селото Вакуф; Насковски (2 к.) доселени се од селото Опила; Игњатовски (1 к.) доселени се од Кратово.
- Деспотоски (1 к.) и Тодороски (1 к.) доселени се од селото Маврово; Деспотоски (1 к.) доселени се од селото Никифорово.
- Петровиќи (1 к.) и Угриноски (1 к.) доселени се од Галичник.
Во селото има уште околу 20 семејства кои не си го знаат местото на доселување.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Трифуноски, Јован (1958). О послератном насељавању становништва из НР Македоније у три банатска насеља, Јабука, Качарево и Глогоњ. Нови Сад: Матица Српска.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Јабука на Ризницата ?
- Портал на градот и општината Панчево (македонски)
|