[go: up one dir, main page]
More Web Proxy on the site http://driver.im/Прејди на содржината

YouTube

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од You Tube)
Јутуб
Јутјуб
YouTube
ВидКомпанија со ограничена одговорност
Основано14 февруари 2005
ОсновачСтив Чен
Чед Хрли
Џод Карим
СедиштеСан Бруно, Калифорнија, САД
Опслужувани подрачја
светски
Клучни личности
Чед Хрли (Извршен Директор)
Стив Чен (Главен Инженер)
Џод Карим (Советник)
СопственикГугл
Мреж. местоYouTube.com

Јутјуб (МФА: /ˈjuːtjuːb/, англиски: YouTube), одомаќинето во Македонија како Јутуб[1][2] (МФА: /ˈjuːtuːb/) — популарно мрежно место за размена на видеоматеријали каде што корисниците можат да поставуваат, гледаат, коментираат и оценуваат видеа од различен тип. За да се постави видеосодржина потребна е регистрација, додека за гледање не е (освен во случаите кога материјалот е забранет за помлади од 18 години). Спрема правилата на користење корисниците можат да поставуваат свои изработки или изработки за кои ги имаат допуштено авторските права од корисникот, а забрането е поставување на порнографски материјал, насилство, содржина кој поддржува криминал и слично. Јутјуб го задржува правото на користење, преработување и бришење на поставениот материјал.

Основање на Јутјуб

[уреди | уреди извор]

Темелите на денешниот Јутјуб се поставени од страна на Чед Хрли, Стив Чен и Џод Карим, поранешни работници во фирмата PayPal. Доменот „YouTube.com“ е активиран на 15 февруари 2005 година, а во текот на следните месеци страната сè повеќе и повеќе се развива. Во мај 2005 страната и е понудена на преглед на јавноста, а 6 месеци подоцна и официјално почнува со работа. Јутјуб е започнат со приватни средства, а инвеститорската фирма „Sequoia Capital“ во ноември 2005 уложува 3,5 милиони долари, за потоа во април 2006 да уложи дополнителни 8 милиони долари. На 9 октомври 2006 год. најавено е дека компанијата ќе ја преземе Google за 1, 65 милијарди долари. Договорот е потпишан на 13 ноември, а во него стои дека Јутјуб ги задржува своите 67 работници и продолжува да работи независно од Google.

Спрема статистичките истражувања од јуни 2006 година на Јутјуб дневно се прегледуваат по 100 милиони видеа, а во тек на 24 часа просечно се поставуваат по 65 000 нови видеа. Спрема истражувачките фирми Nielsen/NetRatings страницата ја посетуваат скоро 20 милиони корисници месечно од кои 44% жени и 56% мажи, на возраст од 12 до 17 години.

Репродукција

[уреди | уреди извор]

За да се гледа видео од Јутјуб на компјутер, потребно е на пребарувачот да биде инсталиран сет од програмски компоненти на Adobe Flash Player. Сетот од програмски компоненти на Adobe Flash Player-от е еден од најчесто употребуваните програми кој е инсталиран на компјутерите и служи за гледање на 75 % од видео материјалите на семрежјето. Во јануари 2010 година, Јутјуб активираше експериментална верзија на мрежното место која користи вградени мултимедијални одлики на пребарувачите кои го поддржуваат стандардот HTML5. Ова овозможува гледање на видео материјали без инсталиран Adobe Flash Player или било кој друг програм. Мрежното место Јутјуб има страница која овозможува пребарувачите кои го поддржуваат овој стандард да можат да го изберат HTML5 пребарувањето. Видео клиповите можат да се гледаат само на пребарувачи кои ги користат H.264 или WebM форматот и притоа не се достапни сите видео клипови на мрежното место.

Прикачување и споделување на видео материјали

[уреди | уреди извор]
Логото на Јутјуб од 2024 до денес

Должината на видео материјалите кои имателите на кориснички сметки можат да ги прикачат на Youtube е ограничена на 15 минути. Во 2005 година, кога беше активирана страната Youtube, беше возможно да се прикачуваат видео материјали со поголема должина, но во март 2006 година е воведено ограничување на должината на видео материјалите на 10 минути, откако Youtube откри дека повеќето видео материјали кои ја надминуваат оваа должина, всушност се неовластено прикачени филмови и телевизиски емисии. Во јули 2010 година, ова ограничување на должината на материјалите беше зголемено на 15 минути. На корисничките сметки на партнерите на Youtube им е дозволено да прикачуваат материјали со поголема должина, само доколку бидат прифатени од компанијата Youtube. Големината на фајловите кои можат да се прикачуваат на страната на Youtube е ограничена на 2 гигабајти, а доколку се користи напредниот софтвер за прикачување на фајлови на Јава апликацијата, големината може да изнесува и до 20 гигабајти. Во декември 2010 година, Youtube соопшти дека на сопствениците на стандардни кориснички сметки ќе им биде дозволено да прикачуваат видео материјали со неограничена должина, доколку тие постапуваат според правилата на мрежното место и ги почитуваат авторските права. Youtube прифаќа видеата да бидат прикачени во повеќе содржински формати, вклучувајќи ги AVI, .MKV, .MOV, .MP4, DivX, .FLV и .ogg и .ogv. Тука спаѓаат и MPEG-4, MPEG, VOB и .WMV. Исто така, е поддржан и форматот 3GP, што овозможува да се прикачуваат и видео материјали од мобилни телефони. Можно е прикачување на видео материјали и со техниките progressive scanning или interlaced scanning, но за подобар квалитет на материјалите Youtube препорачува тие да се преобразуваат во друг формат пред прикачувањето. Сите формати на видео материјалите кои се наоѓаат на Youtube ја користат техниката наречена progressive scanning.

Квалитет и кодеци

[уреди | уреди извор]

Youtube првично нудеше видео материјали со само едно ниво на квалитет кои беа прикажани со резолуција од 320x240 пиксели и го користеа Соренсон Спарк кодекот (Sorenson Spark codec), со моно мп3 формат. Во јуни 2007 година Youtube овозможи опција за гледање видео материјали во 3GP формат, на мобилни телефони. Во март 2008 година е додадена опција за гледање висококвалитетни видеа, што ја зголеми резолуцијата на 480x360 пиксели. Во ноември 2008 година е додадена HD поддршка за 720 пиксели , па резолуцијата на плеерот на Youtube беше променета од 4:3 во резолуција за широк екран од 16:9. Со оваа нова одлика, Youtube почна да го користи H.264/MPEG-4 AVC како стандарден формат за компресирање на видео материјали. Во ноември 2008 година беше додадена поддршка за HD ( висок квалитет) со 1.080 пиксели. Во јули 2010 година Youtube соопшти дека пуштил во употреба видео материјали во формат 4к , што овозможува гледање на видео материјали со резолуција од 4096x3072 пиксели. Видеата на Youtube се достапни во повеќе нивоа на квалитет. Поранешните имиња на стандардите за квалитет на видеата (HD, HQ и SQ) се заменети со бројчени вредности кои ја означуваат вертикалната резолуција на видеото. Стандардно, видеото е кодирано во формат H.264/MPEG-4 AVC, и во стерео AAC аудио формат.

Седиштето на Јутјуб во Сан Бруно, Калифорнија

Во видео објавено на 21 јули 2009, година програмскиот инженер на компанијата Youtube објавил дека корисниците сега можат да прикачуваат видеоматеријали со 3Д-слика. Посетителите можат да ги гледаат овие видеа на повеќе начини, меѓу кои спаѓа и методот anaglyph (заедничко користење на цијан/црвените леќи), со помош на кои гледачот може да ги гледа ефектите во 3 димензии.

Пристапност до содржините

[уреди | уреди извор]

Една од клучните одлики на Youtube е тоа што посетителите можат да гледаат видео содржини поставени на Youtube, а се наоѓаат на други мрежни места. Секое видео содржи дел од HTML адреса, кој овозможува истиот видео материјал да може да се постави на мрежни места надвор од Youtube. Оваа можност се користи за поставување на видеа на страници како што се друштвените мрежи и блогови. Сопственикот на видеото може да го оневозможи неговото поставување и оценување, како и коментирањето на тоа видео. Youtube обично не нуди преземање на видеата, бидејќи интенција на компанијата е видеата да се гледаат на мрежната страница на Youtube. Можно е да се преземат само мал број на видеа, како што се неделните обраќања на претседателот Барак Обама кои се во MP4 формат. Голем број програми на мрежни места, апликации и пребарувачи им овозможуваат на корисниците да ги преземат видеата од Youtube. Во 2009 година, Youtube воведе пробна услуга, со цел да им овозможи на некои од своите партнери да ја нудат опцијата преземање на видеата бесплатно или пак по одредена цена која се плаќа преку Google Checkout.

Платформи

[уреди | уреди извор]

Некои „паметни телефони“ имаат опција за пристап до видеата на Youtube, во зависност од операторот и типот на податоци. Во јуни 2007 година, стартуваше Youtube Mobile- програма за мобилни телефони, која користи RTSP проток на информации. Сепак, не сите видеа се достапни за корисниците на верзијата на Youtube за мобилни телефони. Од јуни 2007 година, видеата на Youtube може да се гледааат на различни производи на компанијата Епл (Apple). За таа цел, видеата на Youtube требаше да бидат префрлени во резолуцијата H.264 според стандардите на Епл, а тој процес траеше неколку месеци. Youtube видеата може да се гледаат на апарати како што се Apple TV, iPod Touch и iPhone. Ажурирањето на услугата TiVo во јули 2008 година овозможува на овие платформи да се гледаат и пребаруваат видеа. Youtube стартуваше со ,, Youtube for TV“ верзија на мрежното место, која е наменета за играчки конзоли и други апарати кои се поврзуваат со тв-приемник и која овозможува гледање на видеата преку конзоли како Playstation3 и Wii. Во јуни беше воведен Youtube XL, кој всушност е поедноставна верзија наменета за гледање видеа на стандарден телевизиски екран.

Локализирање и ограничување

[уреди | уреди извор]

На 19 јуни 2007 година, извршниот директор на компанијата Гугл во Париз го стартуваше новиот систем за локализација. Интерфејсот на мрежната страница е достапен во 31 земја во локални верзии, а една верзија е наменета за целиот свет Интерфејсот на Youtube сугерира која локална верзија ќе биде одбрана врз основа на IP-адресата на корисникот. Во некои случаи може да се јави пораката ,,Ова видео не е достапно за вашата држава,, поради постоење на рестрикции на авторските права или несоодветна содржина. Интерфејсот на мрежната страница на Youtube е достапен на 30 различни јазици, вклучително и каталонски, дански, фински, грчки, унгарски, норвешки и словенечки за кои не постои локализирана верзија. Плановите на Youtube да создаде локална верзија за Турција наидоа на проблеми, бидејќи властите во Турција бараа канцеларија на Youtube која ќе постапува според турскиот закон. Компанијата Youtube соопшти дека нема намера да го стори тоа, бидејќи нејзините не се предмет на турскиот закон. Турските власти изразија загриженост поради тоа што Youtube ќе се употребува за поставување видеа во кои се навредува Кемал Ататурк и други материјали кои се навредливи за муслиманите. Во март 2009 година, спорот меѓу Youtube и британската кралска агенција за авторски права доведе до блокирање на оригиналните музички спотови за корисниците во Велика Британија. Исто така, отстранети беа видеа на големите издавачки куќи, откако Youtube не успеа да постигне договор за авторските права. Спорот беше решен во септември 2009 година. Во април 2009 година, сличен таков спор доведе до блокирање на оригиналните музички спотови за корисниците во Германија.

Неколку држави го имаат блокирано пристапот кон страната Youtube. Во нив спаѓаат : -Заклучно со декември 2010 година, Народна Република Кина го блокираше пристапот кон Youtube. -Мароко го блокираше пристапот кон Youtube во 2008 година. -Во периодот од 2006 до 2007 година, Тајланд го блокираше пристапот кон Youtube поради навредувачки видеа за кралот Bhumibol Adulyadej. -Турција го блокираше пристапот кон Youtube меѓу 2008 и 2010 година, по спорот за видеата за кои се смета дека ја навредуваат личноста на Мустафа Кемал Ататурк. Забраната беше отстранета за кратко, но одново беше воспоставена во ноември 2010 година. -На 3 декември 2006 година, Иран привремено го блокираше пристапот кон Youtube и уште неколку други мрежни места, обвинувајки ги за кршење на општествените и морални закони на однесување. Youtube беше блокиран откако на него беше прикачено видео за ѕвезда од една иранска серија со експлицитна содржина. Забраната беше укината и повторно воспоставена по претседателските избори во 2009 година. -На 23 февруари 2008 година, Пакистан го блокираше пристапот до Youtube поради постоење на навредувачки материјали спрема исламската вера, меѓу кои и прикажувањето на данските цртани филмови за пророкот Мухамед. Тоа предизвика речиси буквално гаснење на страната во траење од 2 часа, откако процесот на блокирање на страната Youtube по грешка ги зафати и соседните држави. Пакистан ја повлече оваа забрана на 26 февруари 2008 година. Сепак, голем број луѓе во Пакистан ја надминаа тридневната блокада на страната Youtube користејќи програми за приватно вмрежување. Во мај 2010 година, за време на прославата на денот ,,Нацртај го Мухамед,,, Пакистан повторно воведе забрана за пристап до страната Youtube, притоа обвинувајки ја за ширење богохулство. -На 24 јануари 2010 година Либија го блокираше пристапот кон Youtube, откако на страната на компанијата беа прикажани протестите во градот Бенгази организирани од семејствата на загинатите притвореници, кои беа убиени во 1996 година, во затворот Абу Салим, како и снимки со членовите на семејството на либискиот водач Моамер Гадафи присутни на разни забави. Оваа блокада беше критикувана од страна на организацијата за човекови права- Human Rights Watch. -Некои училишта го блокираа пристапот кон Youtube, наведувајки ја како причина неможноста да се ограничи содржината на материјали до кои учениците пристапуваат. -Во 2008 година на Youtube и беше доделена наградата од страна на ,,Pearbody award за создавање и ширење на демократија. -,,Entertainment Weekly,, ја стави страната Youtube на списокот на најдобри на деценијата притоа соопштувајќи дека Youtube ,,од 2005 година наваму „обезбедува место за мачки кои свират на пијано, шегите на јавните личности, како и на фанатични уметници на усната синхронизација“.

Општествено влијание

[уреди | уреди извор]

Најгледано видео на страната Youtube, кое е снимено од корисници е ,,Чарли повторно ме касна,,. Пред започнувањето со работа на страната Youtube во 2005 година, постоеја неколку едноставни методи кои им беа достапни на обичните корисници кои сакаа да објават видео клипови на семрежјето. Со својот едноставен интерфејс, Youtube му овозможува на секој кој има семрежен пристап, за неколку минути да објави видео клип кој ќе може да го гледа секој во светот. Широкиот спектар теми кои ги покрива страната Youtube направи споделувањето на видео клипови да биде еден од најважните делови во семрежната култура. Пример за општественото влијание на Youtube беше успехот на видеото ,,The Bus Uncle,, од 2006 година. Тоа видео прикажува жесток разговор меѓу едно момче и повозрасен човек кои се сретнале во автобус во Хонгконг и за него се зборуваше на широко во главните медиуми. Друго видео кое привлече големо внимание беше изведбата на Pachelbel’s Canon на електрична гитара. Името на изведувачот не беше објавено во ова видео. Откако видеото беше прегледано милиони пати, весникот Њујорк Тајмс го објави идентитетот на гитаристот- Lim Jeong-hyun, 23 годишно момче од Јужна Кореја, кое ја снимило песната во својата соба. ,,Чарли повторно ме касна,, , видеото кое беше прикачено на 22 мај 2007 година е ,,заразно,, видео со најмногу прегледи во споредба со другите видеа на корисниците, бидејќи е посетено над 300 милиони пати. На видео клипот се прикажани двајца браќа од Англија, каде едногодишниот Чарли го гризнува прстот на неговиот тригодишен брат Хари. На списокот на ,,најзаразни,, видео клипови на Youtube, на прво место се наоѓа клипот со наслов ,,Чарли повторно ме касна,,.

Материјал заштитен со авторски права

[уреди | уреди извор]

Youtube е постојано критикуван бидејќи многу од поставените видео клипови не се во согласност со законот за авторски права. Кога сакаат да објават видео клип, на корисниците на Youtube им се појавува предупредување: ,,Не објавувајте телевизиски емисии, музички спотови, снимки од концерти или реклами, доколку не поседувате авторски права за нив, или не се состојат од содржини целосно создадени од ваша страна,,. И покрај тоа на Youtube сè уште неовластено се објавуваат видео клипови кои се подложни на авторски права. Youtube не ги прегледува видео клиповите кои се објавуваат на семрежјето, па во согласност со законите на Digital Millenium Copyright, сопствениците на авторски права се должни да упатат опомена до Youtube да биде отстранет клипот од семрежјето. Организациите Viacom, Mediaset и англиската Премиер Лига поднесоа тужби кон Youtube, тврдејки дека прави недоволни напори за да го спречи објавувањето материјали кои се заштитени со авторски права. Компанијата Viacom, побара отштета во висина од 1 милијарда долари од компанијата Youtube, велејки дека се пронајдени повеќе од 150,000 нивни видео клипови кои на страната на Youtube биле прегледани неверојатни 1,5 милијарда пати. На тоа компанијата Youtube одговори дека штитењето на содржините подложни на авторски права не спаѓа во нејзините законски обврски. Откако Viacom поднесе тужба против Youtube, компанијата воведе систем наречен ВИДЕО ID со помош на кој проверува дали објавените видеа се наоѓаат во базата на податоци на содржини заштитени со авторски права, со цел да се намалали прекршувањето на истите. Во јуни 2010 година, тужбата на Viacom против компанијата Google е одбиена, со образложение дека компанијата е заштитена со одредбите од законот на Digital Millenium Copyright. Потоа компанијата Viacom објави дека има намера да ја обжали пресудата. Во август 2008 година, американскиот суд одлучи дека сопствениците на авторски права не можат да наредат отстранување на податотеките од семрежјето, без претходно да биде утврдено дали објавувањето ја надминува политиката на праведна употреба на материјалот. Во случајот беше вклучена и Стефани Ленц од Пенсилванија, која снимила видео на кое е прикажан нејзиниот 13 месечен син, како танцува на песната на Prince, Let’s go Crazy.

Приватност

[уреди | уреди извор]

Во јули 2008 година, компанијата Viacom ја доби судската одлука со која и се наложува на компанијата Youtube да ги предаде податоците на сите корисници кои гледале видео материјали на страната. Овој потег предизвика загриженост, бидејќи со помош на комбинација од IP-адресите и корисничките имиња можат да бидат откриени содржините кои корисниците ги гледаат. Оваа одлука беше критикувана од страна на фондацијата Electronic Frontier, која ја окарактеризира судската одлука како ,,нарушување на правото на приватност,,. Судот ги отфрли приговорите за нарушување на правото на приватност како шпекулативни и му наложи на Youtube, да ги предаде податоците со големина од 12 терабајти. Сепак, судијата го отфрли барањето на компанијата Viacom , Youtube да го предаде изворниот код на неговиот пребарувач, велејки дека тоа е деловна тајна.

Контроверзни содржини

[уреди | уреди извор]

Youtube се соочува и со критики во врска со навредливите содржини во некои видео материјали. Објавувањето на видеа кои содржат навреди, порнографски материјали, или содржини кои поттикнуваат криминално однесување е забрането во условите под кои може да се користи користење на Youtube. Во полемичните области спаѓааат и одрекувањето на холокаустот и катастрофата која се случи на стадионот Hillsborough, каде во 1989 година загинаа 96 обожаватели на Ливерпул. Компанијата Youtube бара од своите корисници да ја означат содржината на несоодветните видеа, за потоа вработените во компанијата да можат да ги прегледаат видеата и да одлучат дали тие ги кршат условите на користење на мрежната страница. Сепак, Владата на Обединетото Кралство ја критикуваше оваа постапка. Во јули 2008 година, од Комитетот за медиуми и култура, составен од пратениците од Долниот дом на Парламентот на Велика Британија, изјавија дека не се воодушевени од системот на проверка на Youtube, бидејќи мрежните страници на кои има видео материјали со содржини поставени од страна на корисници треба постојано да контролираат тие содржини. На тоа Youtube одговори : ,,Нашите правила во врска со тоа што е дозволено , а што не се строги, а исто така имаме систем кој им овозможува на корисниците да ги пријават несоодветните содржини кај нашиот тим кој работи 24 часа 7 дена во неделата и е во состојба веднаш да се погрижи за таквите содржини. Ние ја упатуваме нашата заедница на правилата и на секоја страница на Youtube додаваме директен линк до нив за да им олесниме на корисниците. Со оглед на обемот на содржини кои се објавуваат на нашата страна, според нас ова е најефективниот начин малкуте видеа кои ги кршат правилата да бидат отстранети во најкус можен рок. Во октомври 2010 година, американскиот конгресмен Ентони Вајнер го повика Youtube да ги симне видео клиповите од имамот Анвар ал Авлаки, кој е поврзан со терористички напади низ Америка, велејки дека со такви видео пораки се потпомага домашниот тероризам. Британскиот министер за безбедност рекол ,,ваквите мрежни места треба да бидат забранети во Велика Британија. Тие поттикнуваат ладнокрвни убиства и како такви се против доброто на јавноста“. Во ноември 2010 година, од Youtube беа отстранети стотици видеа во кои имамот Анвар ал Авлаки повикува на џихад. Компанијата Youtube тврди дека отстранила видео клипови кои ги прекршуваат забраните на страната за објавување содржини кои се нелегални и опасни - како на пример правење на експлозиви, поттикнување на насилство и говор на омраза, или пак се поставени од кориснички профили кои се регистрирани на имиња на странски терористички организации. Во декември 2010 година, кон списокот на содржини кои корисниците можат да ги означат како несоодветни, компанијата Youtube ги додаде и содржините кои поттикнуваат тероризам.

Коментари на корисници

[уреди | уреди извор]

Повеќето видеа им овозможуваат на корисниците да оставаат коментари, кои поради нивната форма и содржина повлекуваат погледи од негативен аспект. Кога во 2006 година, списанието Тајмс го пофали воведувањето на мрежната страница 2.0 бидејќи овозможува комуницирање и соработка, каква што досега не е видена, и додаде дека ,,Youtube ги впрегнува глупавоста и мудроста на народот.,, Некои од коментарите на Youtube прават да се расплачете само поради лошиот правоспис, така што не е потребно да ги земете предвид вулгарноста и чистата омраза. Во 2009 година ,весникот Guardian ги опиша коментарите на корисниците на следниов начин: Притоа тие се незрели, агресивни, погрешно напишани, сексистички, хомофобични, преминуваат од напаѓање на содржината на видео клипот во коментари со бесмислен детален опис проследен со изразот LOL, па според тоа коментарите на Youtube се легло за незрели дебати без трошка култура, а содржат и повремени напливи на духовитост. Во септември 2008 година, весникот Дејли Телеграф искоментира дека компанијата Youtube е озлогласена за ,,едни од најконфронтирачките и лошо напишани коментари кои се разменуваат преку семрежјето, и истовремено го најави Youtube Comment Snob, новиот софтвер на Youtube кој ги блокира вулгарните и неписмено напишаните објави.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. По американски изговор е „Јутуб“, а по британски „Јутјуб“. Според записот на Меѓународната фонетска азбука, и двете облици се точни, но се претпочита Јутјуб. Во Македонија е одомаќинето Јутуб.
  2. „Pronunciation of YouTube™ noun in Oxford Advanced Learner's Dictionary”. oxfordlearnersdictionaries.com. /ˈjuːtjuːb/, /ˈjuːtuːb/

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]