[go: up one dir, main page]
More Web Proxy on the site http://driver.im/Прејди на содржината

Warner Bros.

Од Википедија — слободната енциклопедија
Warner Bros. Entertainment, Inc.
ВидПодружник на
Time Warner
ДејностЗабава
ОснованоХоливуд, Калифорнија, САД (1918)
ОсновачиЏек Варнер
Хари Варнер
Алберт Варнер
Сем Варнер
Седиште
Барбенк, Калифорнија
Њујорк
,
Клучни личности
Бери Мејер, претседавач и извршен директор
Алан Ф. Хорн, претседател и извршен директор за операции
Едвард А. Романо извршен финансов директор
ПроизводиФилмови, телевизиски серии
Доход$11.7 билион долари (2007)[1]
Оперативен доход
$845 милион долари (2007)
Матично претпријатие
Time Warner
Мреж. местоwb.com

Warner Bros. Entertainment, Inc. (позната и како Warner Bros. Pictures, или едноставно Warner Bros. (транскрипција: Ворнер брос), скратената форма од поранешното официјално име кое понекогаш уште се користи, деловно општо име: Warner Brothers[2]) — една од најголемите продукциони компании за филмска и телевизиска забава.

Таа е подружник на Time Warner, со седиште во Бурбенк, Калифорнија и Њујорк. Warner Bros. има неколку подружници, вклучувајќи ги Warner Bros. Studios, Warner Bros. Pictures, Warner Bros. Interactive Entertainment, Warner Bros. Television, Warner Bros. Animation, Warner Home Video, New Line Cinema, TheWB.com и DC Comics. Warner е во сопствеништво на половина од The CW Television Network.

Основана во 1918 од еврејски имигранти од Полска, Warner Bros. е третото најстаро американско филмско студио кое сè уште работи, шп Paramount Pictures, основано во 1912 како Famous Players и Universal Studios, исто така основано во 1912. Некои од најславните филмски ѕвезди биле или се дел од ова студио, вклучувајќи ги Бети Дејвис, Џејмс Кегни, Хемфри Богарт, Дорис Деј, и од неодамна, Клинт Иствуд.

Наводи

  1. „Time Warner Inc. Reports Results for 2007 Full Year and Fourth Quarter“. Архивирано од изворникот на 2008-02-17. Посетено на 2008-12-07.
  2. „Turner, Warner Brothers to launch channel in India“. Business Standard (online). 6 March 2009. Посетено на 5 март 2009.