[go: up one dir, main page]
More Web Proxy on the site http://driver.im/Прејди на содржината

Ethnologue

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ethnologue: Languages of the Worldсемрежно и печатено прирачно дело на христијанската лингвистичка организација SIL International, која има за цел да ги изучува малите јазици, да им ја понуди Библијата на мајчин јазик и да го поддржи развојот на истите.[1]

The Ethnologue содржи податоци за 7358 јазици во XVI издание, објавено во 2009 (за разлика од 6912 во XV издание од 2005 и 6809 од XIV издание од 2000) и го наведува бројот на говорници, местото, дијалектите, јазичните сродности, дали има превод на Библијата итн. Моментално ова претставува најопфатниот записник на јазици во светот, заедно со „лингвистичката опсерваторија“ на Linguasphere (но некои нивни информации се застарени).

Во 1984, Ethnologue вовел трибуквен коден систем наречен SIL код за секој јазик.[2] Овој систем во голема мера ги надминал претходните стандарди како ISO 639-1. Во XIV издание (2000) се наведени 7148 кодови кои воглавно не се совпаѓале со кодовите на стандардот ISO 639-2. Во од уредништвото е побарано да соработува со Меѓународната организација за стандардизација (ISO) за да ги приложи своите кодови во нацртот на меѓународниот стандард. Денес Ethnologue го користи тој стандард, наречен ISO 639-3. XV издание (2005) има 7299 кодови. XVI издание е објавено во средината на 2009 г.

Кога ги утврдува јазиците (наспроти дијалектите и наречјата), Ethnologue се води по ISO 639-3[3], чиј критериум е заеморазбирливоста.

Покрај главното име на јазикот, Ethnologue го наведува и името што го користат неговите говорници, владата, соседните и странските земји, како и поранешните имиња на истиот.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. http://www.sil.org/sil/
  2. на пр. македонскиот има SIL код mkd
  3. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2013-02-08. Посетено на 2011-12-28.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]