[go: up one dir, main page]
More Web Proxy on the site http://driver.im/Прејди на содржината

Скит

Од Википедија — слободната енциклопедија
Скит на Валамскиот Манастир во Русија

Скит (од коптски: ϣⲓ(ϩ)ⲏⲧ, преку грчки: σκήτη) — мала заедница на монаси, односно мал манастир, или само неколку ќелии на монаси, каде што се живее испоснички. Скитовите обично се наоѓаат на тешко пристапни места. Поимот „скит“ се верува дека доаѓа од името на долината Скете или Скетис во Египет, каде се појавиле првите скитови (денес коптската заедница Шихет (арап. Вадија Натрун), но исто така и од зборот „аскетски“.

Овие скитски заедници неретко се потчинети на поголем манастир, каков што е случајот со скитовите на Света Гора во Егејска Македонија.

Поврзано

[уреди | уреди извор]