[go: up one dir, main page]
More Web Proxy on the site http://driver.im/Прејди на содржината

Свиштов

Координати: 43°36′40.69″N 25°21′24.85″E / 43.6113028° СГШ; 25.3569028° ИГД / 43.6113028; 25.3569028
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свиштов
Свищов
град
Куќата музеј „Алеко Константинов“
Куќата музеј „Алеко Константинов“
Свиштов is located in Бугарија
Свиштов
Свиштов
Местоположба на Свиштов во Бугарија
Координати: 43°36′40.69″N 25°21′24.85″E / 43.6113028° СГШ; 25.3569028° ИГД / 43.6113028; 25.3569028
ЗемјаБугарија
ОбластВелико Трново
ОпштинаСвиштов
Управа
 • ГрадоначалникГенчо Генчев (независен)
Површина
 • Вкупна110 км2 (40 ми2)
Надм. вис.&1000000000000008800000088 м
Население (2022)
 • Вкупно23.325
 • Густина210/км2 (550/ми2)
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
поштенски код5250
Повик. бр.+359 0631
Мреж. местоsvishtov.bg

Свиштов (бугарски: Свищoв) е град во Северна Бугарија. Тој се наоѓа во Великотрновската област и е расположен на брегот на реката Дунав. Градот е трет по големина во областа после Велико Трново и Горна Орјаховица и е административен центар на Општина Свиштов.

Старобугарското име на градот е Свештниj (Свѣщний). Утврденото во Австриско-турскиот мировен договор од 5 август 1791 г. име е Шиштова, со што е заменет турскиот назив Zigit. Свиштов e првиот бугарски град ослободен од турско ропство.

Градот има население од околу 23.325 жители (2022).[1]. Поголемиот дел од населението на Свиштов е православно. Мал дел од жителите на градот се римокатолици, главно поради миграцијата од некои од околните села, коишто се католички целосно (с. Ореш) или делумно (град Белене, с. Драгомирово).