[go: up one dir, main page]
More Web Proxy on the site http://driver.im/Прејди на содржината

Полен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Зрна на полен

Полен е назив за ситниот и најчесто фин прав, составен од машки гаметофити (поленови зрна) на голосемениците и скриеносемениците.

Создавање

[уреди | уреди извор]

Поленовите зрна настануваат во микроспорангиите (кои кај скриеносемениците се наоѓаат во прашниците). Поленовото зрно е изградено од вегетативните клетки на гаметофитите (една кај скриеносемениците, повеќе кај голосемениците) и една репродуктивна клетка на гаметофитите, со две јадра. Едното јадро има улога во изградбата на поленовата цевка, додека другото јадро, со митозна делба, дава две сперматични клетки. Сперматичните клетки учествуваат во оплодувањето на женскиот гаметофит. Преносот на поленот од еден на друг цвет го вршат пчелите[1] и другите инсекти, и се нарекува опрашување.

Надворешната обвивка на поленовото зрно е многу отпорна и тешко се распаѓа, така што големата топлина, јаките киселини или моќните бази слабо делуваат на него. Како составна компонента на геолошките седименти поленот дава многу информации за потеклото и геолошката историја на растителниот свет на Земјата. Се ослободува во толкави количини што претставува значаен дел од Земјината атмосфера.

Поленот содржи и супстанци богати со белковини, какви што имаат, на пример, амброзијата или разни видови треви, кои предизвикуваат алергиска[2][3] реакција, попозната како поленска кивавица.

  1. Полен
  2. „За алергиите“. Архивирано од изворникот на 2010-05-06. Посетено на 2009-11-14.
  3. „Полен и алергии“. Архивирано од изворникот на 2010-05-07. Посетено на 2009-11-14.