Венера-8
Венера-8 била советска автоматска научно-истражувачка станица (вештачки сателит) наменета за истражување на планетата Венера. Лансирана е на 27 март 1972.
Одвивање на мисијата
[уреди | уреди извор]Венера-8 била наменета за истражување на атмосферата на Венера и спуштање на истата. Инструментите ја мереле температурата, притисокот, осветлувањето, висината, составот на гасовите и нивниот спектар. Делот кој не се спуштил на планетата имал и детектор на космички зраци, сончев ветар и ултравиолетен спектрометар.
Одсекот за спуштање влегол во атмосферата на Венера на 22 јули 1972. Брзината била намалена од околу 42,000 км/ч до околу 900 км/ч со аеродинамичко запирање. Падобранот со пречник од 2,5 метри бил отворен на висина од 60 км, и системот за ладење бил користен со цел да се одржи внатрешната температура ниска.
Наглиот пад на осветлување бил детектиран на висина од 35-30 км, а под 10 км и зголемената брзина на ветарот, брзината била само околу 1 метар во секунда. Венера-8 се приземила во околу 9:32 по универзално време, на 10 степени јужно и 335 степени западно. Податоците биле праќани полни 50 минути по спуштањето.
Подаците ги потврдиле претходните мерења на Венера-7. Температурата на површината е измерена како 470 степени Целзиусови, а притисокот на 90 атмосфери. Осветлувањето било измерено слично како и со она на Земјата на облачен ден, а видливост од 1 км.
Основни податоци за летот
[уреди | уреди извор]- Датум на лансирање: 27 март 1972.
- Ракета носач:
- Место на лансирање: Тјуратам, Бајконур
- Маса на сателитот (kg): 1180 вкупно, од тие, 495 кг бил одсекот за спуштање
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Марка посветена на летот.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Венера-8“ на Ризницата ? |
Користена литература
[уреди | уреди извор]Сателити од серијата „Венера“ |
Венера-1 • Венера-2 • Венера-3 • Венера-4 • Венера-5 • Венера-6 • Венера-7 • Венера-8 • Венера-9 • Венера-10 • Венера-11 • Венера-12 • Венера-13 • Венера-14 • Венера-15 • Венера-16 |