[go: up one dir, main page]
More Web Proxy on the site http://driver.im/Прејди на содржината

Ашкелон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ашкелон
Округ Јужен
Управа Град
хебрејски אַשְׁקְלוֹן
(транслит.) Ashkelon
арапски عسقلان
Население 144,073
Површина 47,788 dunams (47.788 km2; 18.451 ми)
Основан
  • 5880 п.н.е. (неолитска нас.)
  • 2000 п.н.е. (кананска нас.)
  • 1150 п.н.е. (филистејско управ.)
  • 6 в. п.н.е. (класичен период)
  • 15 в.(арапско село)
  • 1953 (израелски град)
Мреж. место www.ashkelon.muni.il
Поглед кон Ашкелон

Ашкелон (хебрејски: אַשְׁקְלוֹן) — град во Израел. Ашкелон е крајбрежен град во Јужниот округ, на околу 50 километри јужно од Тел Авив и на 13 километри северно од границата со појасот Газа. Древниот град Ашкелон датира од неолитското доба. Во текот на историјата, населбата била под управа на Древниот Египет, Ханан и Филестина, па преку Асирија, Вавилон, Феникија, Арапите па сè до денешен Израел.

На неколку километри источно од центарот на древниот град во 15 век било основано арапско село за време на отоманскиот период. За време на арапско-израелската војна од 1948 година селото, под име Ал Маџдал, имало население од околу 10.000 Арапи, а во октомври бројот на населението се зголемил поради бегалци.[1] Селото било зеземено од Израел на 5 октомври 1948 година, во период кога арапското население веќе се евакуирало од селото,[2] останувајќи само 2,700 жители.[2]

Името на населбата било променето во Мигдал Газа, подоцна во Мигдал Ашкелон од новодоселените Евреи. Останатите Арапи од Ашкелон го напуштиле градот во 1950.[3] Во 1953, крајбрежната населба Афридар била официјално припоена со Мигдал Ашкелон и заедничкото име на новосоздадената населба била само Ашкелон.

Демографија

[уреди | уреди извор]
Историско население
ГодинаНас.±%
195516.600—    
196124.300+46.4%
197243.000+77.0%
198352.900+23.0%
199583.100+57.1%
2008110.600+33.1%
2010114.500+3.5%
2011117.400+2.5%
Извор:

Првично, за време на израелскиот период, бил населн од Мизрахиски Евреи, кои биле избркани од муслиманските земји. И денес градот е воглано составен од Мизрахиски Евреи. Во 1950-те во Афридар се доселиле Јужноафрикански Евреи, а по нив дошле и Британски Евреи.[5] Во 1990-те се доселиле Етиопски Евреи и Руски Евреи.

Галерија

[уреди | уреди извор]

Збратимени градови

[уреди | уреди извор]

Ашкелон е збратимен со:

  1. Masalha, Nur (2012). The Palestine Nakba: Decolonising History, Narrating the Subaltern, Reclaiming Memory. London: Zed Books, Limited. стр. 115–116. ISBN 978-1848139701.
  2. 2,0 2,1 B. Morris, The transfer of Al Majdal's remaining Palestinians to Gaza, 1950, in 1948 and After; Israel and the Palestinians.
  3. Kimmerling, Baruch; S Migdal, Joel (2003). „Reconstituting Palestinian Nation“. The Palestinian People: A History. United States of America: Harvard University Press. стр. 172. ISBN 9780674039599 – преку books.google.com.
  4. „Statistical Abstract of Israel 2012 - No. 63 Subject 2 - Table No. 15“. .cbs.gov.il. Архивирано од изворникот на 20 October 2013. Посетено на 2013-08-08.
  5. „Nefesh b'Nefesh community guide“. Nbn.org.il. 27 March 2006. Архивирано од изворникот на 18 July 2011. Посетено на 2011-08-10.
  6. „Association of twinnings and international relations of Aix-en-Provence“. Aix-jumelages.com. Архивирано од изворникот 7 July 2011. Посетено на 2011-08-10.
  7. Mairie of Aix-en-Provence – Twinnings and partnerships Архивирано на 13 јануари 2009 г.
  8. „Vani.org.ge – Twinned Cities“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 20 August 2013. Посетено на 9 September 2013.
  9. „Baltimore City Mayor's Office of International and Immigrant Affairs – Sister Cities Program“. Архивирано од изворникот на 7 August 2008. Посетено на 2009-07-18.

Литература

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]