[go: up one dir, main page]
More Web Proxy on the site http://driver.im/Прејди на содржината

Акон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Акон
Животописни податоци
Родено имеAliaune Damala Bouga Time Puru Nacka Lu Lu Lu Badara Akon Thiam
Роден(а)16 април 1973(1973-04-16)(51 г.)
St. Louis, Missouri, САД
ПотеклоДакар, Сенегал
ЖанровиR&B, hip hop, pop
ЗанимањаSinger-songwriter, record producer
Период на активност1996–present
ИздавачиUniversal, SRC, Akonik, Konvict, UpFront, Kon Live
СоработнициT-Pain, Kardinal Offishall, Colby O'Donis, Snoop Dogg, Michael Jackson, Lady Gaga, Sway DaSafo, Gwen Stefani, Lionel Richie, Wyclef Jean, Nelly, Young Jeezy, David Guetta, Pitbull, Flo Rida, The Lonely Island
Мреж. местоakon.com

Aлиен Бадара Aкон Tиам, познат само како Акон, (роден на 16 април 1973) е Сингало - Американски R&B (ар-ен-би) издавачки уметник и текстописец.

Според Forbes (Форбес), Акон оствари заработка од 21 милиони долари во 2010 год, 20 милиони долари во 2009 год, и 12 милиони долари во 2008 год. Тој ја достигна својата слава во 2004 год, со издавањето на синглот "Locked Up" (Уапсен) – кој е прв сингал од неговиот деби албум "Trouble" (Неволја). Со неговиот следен албум "Konvicted" (Осуден), тој се здоби со номинација за Грејми награда за синглот "Smack That". Подоцна основа две издавачки куќи, "Konvict Muzik" и "Kon Live Distribution". Акон често свири на ченгели за други артисти и може да се пофали со околу 300 концерти во кои се има појавено како гостин, како и со околу 45 песни кои се најдоа меѓу првите на американските Билборд топ листи.Тој има соработка со бројни познати изведувачи како што се Мајкл Џексон, Р.Кели, Квинси Џонс, Еминем и Витни Хјустон. Тој е првиот соло артист кој успеа да ги заземе и првото и второто место двапати, едноподруго на америкнската Билборд листа.Тој се закити со шест номинации за Грејми награди и произведе многу хитови за познати атристи како што се Лејди Гага, Колби Доинс и Леона Луис. Лејди Гага и Ти-Пеин ја стекнаа својата слава благодарение на Акон.

Почетоци

[уреди | уреди извор]

Како син на Сингалскиот свирач на ударни инструменти Мор Тиам, Акон израснал во музичка средина и научил да свири на неколку музички инструменти, вклучувајки го и djembe. Тој е роден во Сент Луис, Мисури, така што го избегнал имиграциониот процес. Како и да е, тој живее истовремено и во Дакар, Сенегал се до завршувањето на средното образование а, потоа се преселува во Ниварк, Њу Џерси. Акон во своите интервјуа изјавува дека неговото целосно име е Алиан Дамала Акон Тиам, дека е Муслиман, дека никогаш не пиел алкохол и не пушел што се должи на неговата вера, како и дека има нејасност и дебатирање во врска со неговото правилно име и дата на раѓање. Акон е вообичаено прифатен како Алиен Тиам. Што се однесува на подолгата форма на целосното негово име, тој е познат како Алиен Бадара Тиам и како Алион Бадара Тиам, а според изјави на About.com неговото средно име никогаш не е самостојно потврдено. Што се однесува на неговата дата на раѓање, таа е многу заштитена од Акон, па затоа многу медиуми изнесоа неточни датуми. Како и да е, во законските документи издадени од страна на The Smoking Gun, Акон е именуван како Алиен Дамала Тиам со дата на раѓање на 16 Април, 1973 год.

Музичка кариера

[уреди | уреди извор]

2003-2005 Откритие и "Trouble" (Неволја)

[уреди | уреди извор]

Трите години поминати во затвор му помогнаа на Акон да ги препознае своите музички способности и да почне да ја цени својата музичка биографија. Музичкиот крал и претседател на музичката куќа "Upfront Megatainment " (Упфронт Мегатејмант), прв пат слушнал за Акон кога раперот Лил Зен го донел Акон во салата за подготовка, местото каде во тоа време се развилале таленти како Ашер и ТЛЦ.Односот помеѓу Акон и Стефенс најпрво се одвивал на пријателска и менторска база, така што Акон се консултирал со него за совети, а кога го прекинал својот договор со Електра, Стефенс го зел во својата продукциска куќа каде почнале да соработуваат професионално. Песните на Акон во соработка со Стефенс го привлекоа вниманието на Универзалното издание "СРС Рекордс". Во едно интервју со HitQuarters SRC A&R Џером Фостер изјави: Хитот "Lonely" (Осамен) го привлече моето внимание веднаш штом го слушнав и си реков – “Ова дете ке стане големо име”. Фостер и SRC CEO Стив Рифкид веднаш заминаа со приватен авион во Атланта да го запознаат младиот артист. Акон веќе бил запознаен со работата на Фостер како продуцент на "Knobody" и така со взаемна почит еден спрема друг овој пар се споијува. Деби албумот на Акон насловен како Trouble (Неволја) беше издаден на 29 Јуни, 2004 год. Од него произлегоа сингловите "Locked Up" (Затворен), "Lonely" (Осамен), "Belly Dancer (Bananza)" (Танчерот Били), "Pot Of Gold" (Златен пехар) и "Ghetto (Ѓето). Инспирацијата за неговиот деби сингал наводно произлезе од неговиот престој во затвор поради кражба на кола. "Locked Up" (Затворен) се најде меѓу првите Топ 10 хитови во Америка и меѓу првите Топ 5 хитови во Велика Британија. "Ghetto” (Ѓето) стана радио хит кога се појави како ремикс направен од страна на дј-от Green Lantern (Грин Лантерн), вклучувајки стихови од раперите 2Pac и The Notorious B.I.G. Албумот е комбинација од Западно-Африкански стилски вокали измешани со стилови од Западното крајбрежје и Јужните делови. Повеќето песни на Акон започнуваат со звукот на тресокот од затварањето на затворската келија и изговарањето на зборот – "кonvict” (осуден) од страна на Акон. Во 2005 год. Акон го издаде синглот "Lonely" (Осамен) (по примерот na синглот "Mr. Lonely" (г-ин Осамен на Боби Винтон ).Синглот се најде меѓу првите 5 на Американската Билборд Топ листа, а се најде и на музичките листи во Австралија, Велика Британија и Германија. Неговиот албум исто така се искачи на првото место во Велика Британија во Април, 2005 год. Музичкиот канал "The Box" во својата десет неделна топ листа која се калкулираше според бројот на видео побарувања, синглот "Lonely" (Осамен) на Акон го прогласи за најдолго задржан сингал на врвот на листата со времетраење од 15 недели. Акон потоа издаде уште еден сингал "Moonshine" (Месечева светлина), во соработка со раперот Savage од Нов Зеланд, и овој сингал постигна успех во Нов Зеланд каде се најде на првото место како и во Австралија. Акон за првпат се појави како гостин на издавањето на деби албумот на Young Jeezy (Помладиот Џези) насловен како "Let's Get It: Thug Motivation 101", каде ја изведе песната "Soul Survivor." Во Декември истата година неговиот менаџер, Роберт Монтанез беше застрелан во престрелка во Њу Џерси.

"convicted" (Осуден)

[уреди | уреди извор]

Вториот албум на Акон насловен како “Konvicted”(Осуден) беше издаден на 14 Ноември, 2006 год.Тој вклучува соработки со Eminem(Еминем), Snoop Dogg ( Снуп Дог) и Styles P(Стајалс.П). Првиот сингал "Smack That" во соработка со Еминем беше издаден во Август, 2006 год.и се најде на второто место на Американската музичка листа -Билборд Хот 100, каде се задржа 5 последователни недели. Вториот сингал "I Wanna Love You" (Сакам да те љубам) во соработка со Snoop Dogg (Снуп Дог) беше издаден во Септември и успеа да го искачи Акон за прв пат на првото место на америкатската Билборд Хот 100, а Снуп Дог по вторпат. Овој сингал беше на врвот на сите Американски музички листи цели две последователни недели. Во Јануари, 2007 год. беше издаден и третиот сингал "Don't Matter" (Не е важно), кој беше неговиот прв самостоен сингал кој се искачи на врвот на американската листа Билборд Хот 100. "Mama Africa" (Mајка Африка) беше издаден како Европски сингал во јули, 2007 год. и како четврти сингал од овој албум се најде дури на 47-то место во Велика Британија. Издавањето на петиот сингал, кој се најде на седмото место на музичката листа Хот 100, се совпаѓа со времето на издавањето на Platinum (deluxe)-( платиумската делукс) верзија на албумот "Sorry, Blame It on Me" (Извини, моја вина е). Целосната делукс верзија беше целосно издадена на 28 Август, 2007 год. Последниот сингал беше потврден од Акон и е насловен како "Never Took the Time” (Никогаш не брзај со времето). Konvicted (Осуден) дебитираше на второто место на Билборд 200 и беше продаден во 286,000 копии во првата недела од издавањето. После само шест недели, албумот се продаде во повеќе од 1 милион копии во Америка и повеќе од 1,3 милиони копии ширум светот. Албумот беше награден со платина после седум недели, а после шеснаесет недели беше награден со двојна платина. Тој се задржа меѓу првите топ 20 на Билборд 200 цели 28 последователни недели и се најде на второто место во четити различни номинации. На 20 Ноември, 2007 год. RIAA (РИАА) го закити албумот со тројна платина за 3 милиони копии продадени во Америка. Албумот се продаде вкупно во повеќе од 4 милиони копии ширум светот. На 5 Октомври, 2006 год. Акон го сруши рекордот на листата Хот 100, со најголемиот дотогашен скок во 48 годишната историја со сингалот "Smack That", кој скокна од 95 на 7 место на музичката листа. Во Декември, 2006 год. сингалот "Smack That" беше номиниран во групата за Најдобра рап соработка на 49-тото годишно доделување на Грејми Наградите, но загуби од Џастин Тимберлајк и Т.И со хитот "My Love" (Мојата љубов).

2008-2009 "Freedom" (Слобода)

[уреди | уреди извор]

На 2 Декември Акон го издаде својот нов албум "Freedom" (Слобода) од кој произлегоа четири хитови : "Right Now (Na Na Na)" (Точно сега), "I'm So Paid" (Добро платен)-во соработка со Lil Wayne (Лил Вејни) и Young Jeezy (Помалиот Џези)), "Beautiful" (Прекрасна)- во соработка со Kardinal Offishall (Кардинал Офишалс) и Colby O'Donis (Колби Одоинс) и сингалот "We Don't Care" (Не ни е грижа). Последниот сингал "We Don't Care" не постигна значајно место на музичките листи, се најде дури на 61 место во Белика Британија и на 91 место во Австралија. Веднаш по неочекуваната смрт на кралот на поп музиката Мајкал Џексон со кого Акон соработуваше во последните години од неговиот живот, Акон го издаде сингалот насловен како "Cry Out Of Joy" (Плач од среќа). Акон и Мајкл Џексон беа блиски пријатели се до неговата смрт. Во Октомври, 2009 год. Акон изјави за Мајкл: Тој е крал на поп музиката, и јас мислам дека е сон на секој млад артист, текстописец и продуцент да ја има можноста да работи со најдобриот во шоу бизнисот. Знаете, да работите со некој како Мајкл-кој може да отвори толку многу врати, да создаде толку многу прилики и да пружи толку многу во музичкиот свет, макар само еден период е доволно искуство кое ке го понесеш со себе засекогаш! Кога стигнав во Вегас и за првпат го запознав Мајкл, ми се чинеше дека веќе се знаеме со години!! Буквално!! Музички бевме на истата рамниште !Хемијата беше просто неверојатна! А, како човек тој беше најскромниот и најкул фраер кој го имав запознаено дотогаш. Заедно одевме на кино во дневна светлина, што беше едно големо доживување! Дејвид Гета соработуваше со Акон во неговата прва трака со хаос музика насловена како" Sexy Bitch" (Згодна Риба), која стана летен хит во светот. Искачувајки се на првото место во 6 земји и на петото место на листа Билборд Хот 100, оваа трака се најде во албумот "One Love " (Eдинствена љубов) на Дејвид Гета.

2010-до денес, Stadium (Стадиум)

[уреди | уреди извор]

При крајот на 2009 год. беше објавено дека четвртиот студиски албум на Акон насловен како "Stadium" (Стадиум) треба да биде издаден во првото тромесечје од 2010 год. Како и да е,поради другите менаџерски ангажмани, работата за албумот не беше завршена на време. Акон исто така изјави дека насловот на албумот може да биде изменет во меѓувреме откако прво беше наречен "Stadium" (Стадиум) а потоа Акоnic (Аконик) и дека постои дебата за конечниот наслов. Водечкиот сингал од албумот "Angel" (Ангел) беше издаден на 4 Септември, 2014 год. најпрво во радио станиците во Америка а, потоа беше издаден како видео на 27 Септември, 2010 год во продукција на францускиот продуцент Дејвид Гета. Акон ја изведе песната за време на одржувањето на модното шоу “ Викторија Сикрет” во 2010 год.

Проекти на соработка

[уреди | уреди извор]
  • Во 2006 год., Акон ја основа неговата нова музичка куќа "Kon Live Distribution" во соработка со "Interscope Records". Реј Левендер беше првиот артист со кој потпиша договор.
  • Акон соработуваше и во последниот албум на Гвин Стефани насловен како " The Sweet Escape" (Слаткото бегство). Тој се појави во истоимениот сингал "The Sweet Escape" (Слатко бегство) кој се наоѓа како втор во албумот. Песната е во продукција на Акон. На 10 Декември, 2006 год. Акон и Стефани учествуваа како музички гости во шоуто “Сабота вечер во живо”, но не ја изведоа песната бидејќи Стефани сè уште не ги не ги знаела добро стиховите. Тој сепак ја исполни песната во живо на Американскиот музички идол на 28 Март, 2007 год. што се должи на појавата на Стефани како инструктор една вечер претходно. Овој сингал го достигна второто место на музичката листа Билборд Хот 100.
  • Акон соработуваше со Chamillionaire во неговиот микс - Mixtape Messiah 2 кој е забранет за гледање на официјалната веб страна на Chamillionaire од 24 Декемвти, 2006 год.
  • Во 2006 год. по заедничкиот сингал на Акон и Помладиот Џези, насловен како "Soul Survivor" од 2005 год. дуото најави дека публиката може да очекува уште многу од нив. Тие изјавија дека имаат планови за заеднички албум во иднина.
  • Акон исто така се појави во албумот "Strength and Loyalty" (Сила и Лојалност) на Bone Thugs-n-Harmony (Бони Тагс ен Хармони), во осмиот студиски албум "Last 2 Walk" (Последен чекор) на Three 6 Mafia (Три Сикс Мафиа), во "We The Best" (Ние сме најдобри) од DJ Khaled (дј Калед). Исто така на албумот "From Nothin' to Somethin " (Од ништо до нешто) на Fabolous (Фабулоус) заедно со 50 Сент во некои песни, во петиот албум на T.I (Т.И) насловен како " T.I. vs. T.I.P. ", како и во третиот соло албум на Марио Go( Oди). Тој се појавува и во сингалот "Bring It On" во албумот насловен како "El Cartel: The Big Boss " (Ел картел, Големиот Шеф) кој беше издаден на 5 јуни 2005 год.
  • На 7 Јули, 2007 год. настапи на American leg of Live Earth.
  • Во Ноември 2007 год. Акон сними ремикс на "Wanna Be Startin' Somethin' со Мајкл Џексон. Во Февруари 2008 год. ремиксот беше за прв пат исполнет на одржувањето на 25 годишнината од издавањето на албумот "Thriller" (Трилер) на Мајкл Џексон. Акон ја продуцира и траката насловена како “Eхо” за последниот албум на латинскиот бенд Менудо, која беше издадена во пролетта 2008 год.
  • По заслуга на ‘Konvict Music’ албумот 9 Lives (9 животи) на Кат Делуна беше реиздаден и во него Акон учествуваше во сингалот насловен како "Am I Dreaming."(Дали сонувам?).
  • Во Јули 2008 год. песната насловена како "Hold My Hand" (Фати ме за рака) кружеше на семрежјето. Песната е дует на Акон и Мајкл Џексон, напишана од Клауди Кели.Исто така постои уште една верзија само од Акон.Таа не беше вклучена во листата песни кои се најдоа на албумот "Freedom" (Слобода) иако Акон претходно ја најави. За време на интервјуто со Тавис Смилеј, Акон изјави дека Џексон планира високо-буџетно издавање на песната со видео запис сè додека песната не беше оддадена. Ова е последната песна на Џексон пред да почине на 25 Јуни, 2009 год. Скоро Акон ја заврши песната и таа ке биде дел од очекуваниот албум Michael, во чест на [[Мајкл Џексон]. Песната беше издадена на 15 ноември, 2010 год.
  • Акон исто така се појави во улогата на извршен продуцент на четвртиот соло албум на “Кардинал Офишалс” насловен како “Not 4 Sale” (Не е за продажба), издаден на 9 Септември, 2010 год. Акон се појавува во нивниот промотивен сингал "Graveyard Shift", како и во нивниот прв сингал "Dangerous" (Опасност), кој го зазеде петото место на музичката листа Билборд Хот 100, а исто така ја доби наградата за Хит на годината на доделувањето на Џуно наградите во 2009 год.
  • Акон го напиша и сними "Put It on My Tab" (Стави ми го при рака) заедно со New Kids on the Block (Новите дечки од блокот),за нивното повторно обединување со албумот "The Block" (Блокот).
  • Акон го напиша и продуцира и хитот "Forgive Me" (Прости ми) на Леона Левис за нејзиниот деби албум "Spirit " (Дух).
  • Тој моментално работи со X Factor (X-Фактор) на новиот деби албум кој е во очекување, на победничката од 2008 год. - Александра Бурк.
  • Акон во продукција со Кон Лајф го напиша светскиот хит на Лејди Гага насловен како "Just Dance" (Само танцувај), во кој исто така се појавува Колби Одоинс и овој хит заработи Грејми Номинација за Најдобра танчерска изведба на 51-то доделување на Грејми наградите.
  • Акон се појавува и во музичката трака “Available” (Достапен) во новиот албум на Флорида насловен како R.O.O.T.S. (Р.О.О.Т.С.).
  • Акон сними и песна со Е-40 насловена како "Wake It Up" (Разбудени) за нивниот албум The Ball Street Journal (Улично списание). Во оваа песна Акон експериментира со ефектот auto-tune.
  • Раперот Нели потврди дека Акон, Фарел и Ти-Пеин имаа план за формирање на супер-рап група во 2009 год.
  • Акон во продукција со Конвикт Мјузик учествуваа во издавањето на " State of Survival" на хип хоп/рок групата Флипсид, кој беше издаден во соработка со Кон Лајф Дистрибјушн и Черитри Рекордс.
  • Акон работеше и со Витни Хјустон на нејзиниот comeback албум во 2009 год. насловен како "I Look to You" (Личам на тебе). Тој се појавува во песната "Like I Never Left" (Како никогаш да не заминав).
  • Во Мај 2009 год. Акон соработуваше со Тиванскиот пејач Вилбер Пан и издаде уште една верзија на песната " Be With You" (Со тебе).
  • Акон работеше и на вториот албум на Авентура –"The last" кој излезе во Јуни. Оваа песна се здоби со две номинации на Premios Lo Nuestro 2010 год. за Урбанска песна на годината и за Најдобра видео соработка на годината.
  • "Sexy Bitch" (Згодна Риба) беше издадена во Јули 2009 год. во соработка со францускиот Дј Дејвид Гета.
  • Во Август 2009 год. Акон издаде уште една верзија на "Beautiful " (Прекрасна), во која се појави и BoA (БоА) – популарен и легендарен пејач од Кореја. Како и да е, оваа верзија беше за Јапонскиот пазар.
  • Во 2010 год. Акон соработуваше со поп пејачот Ј.Рендал во песната “Оо ла ла” чија премиера се појави на 6 Октомври на JustJared.coм.
  • Во 2010 год. Акон беше еден од седумдесете пејачи кои ја исполнија добротворната песна "We Are the World: 25 for Haiti" (Ние сме светот: 25 за Хаити) искажувајки помош за Земјотресот во Хаити во 2010 год. Тој исто така се проби во Индискиот пазар, каде работеше со композиторите Вишал Дадлани и Шекар Равјианина музичката трака во акциониот филм Ra.One..
  • Акон го копродуцира и првиот сингал на Наталија Килс наслове како "Mirrors" (Огледала) за нејзиниот четврти деби албум "Perfectionist " (Перфекционист)

Телевизија и филм

[уреди | уреди извор]

Акон потврди дека реално телевизиско шоу е веќе во игра. Ке се вика "My Brother's Keeper" (Мојот брат-чувар) а, поентата на шоуто ке биде во тоа што двајцата скоро идентични браќа на Акон ке патуваат низ Атланта претставувајки се како него, така што ке ги натераат луѓето да мислат дека е Акон Тие ке се обидат да добијат ВИП пречек, девојки и бесплатни работи. Акон изјави дека луѓето ги имаат помешано многу пати неговите браќа со него во Атланта па затоа на тоа ке се базира самото шоу. Акон планира да работи на долгометражниот филм насловен kako " Illegal Alien" (Непознат вонземјанин). Филмот е базиран на некои настани од неговиот живот, па затоа актерот [[Меки Фифер] е ставен да го глуми Акон. На 30 Октомври Акон влезе во куќата на Големиот Брат меѓутоа само како гостин, така што домаќините можеа да го запознаат Акон за само 100 секунди. Тој исто така на 17 Ноември, 2008 год. се појави во изданието на " WWE Raw" каде беше погрешно изговорено неговото име од страна на Сантино Марела,кој поради својот италијански стереотип го нареке Акон – Акорн. На 27 Април, 2008 год. Акон се појави заедно со Колби Одонис во "Dance on Sunset " (Танц на залезот). На 27 Јануари, 2010 год.Акон пееше во Бразилското рално шоу – Големиот Брат во Бразил.

Во Февруари, 2007 год. Акон ја лансираше својата линија на облека -Konvict Clothing. Во неа се најде урбаниот уличен стил вклучувајќи фармерки, маички и шешири. Aliaune е следната верзија за машки и женски, која е висококвалитетна и вклучува џемпери, тексесни фармерки и др.парчиња облека.Тимоти Хоџ стоеше рамо до рамо со Акон на неговата промоција на облеката од линијата Konvict во телевизиското шоу на MTV's Direct Effect.

Личен живот

[уреди | уреди извор]

За Акон исто кружеа гласини дека има три жени, така што тој јавно откри дека има една жена која се вика Томека. Акон изјави за едно интервју со Блендер и дека има 6 деца од три различни жени. Тој кажа дека е во добри односи со сите свои деца и дека сака да го заштити своето семејство од појавување во јавноста. Исто така нагласи дека неговата религија му помогна да стане подобар човек и му обезбеди патоказ како да се однесува со луѓето во животот. Тој исто така има своја сопствена добротворна организација наречена Konfidence Foundation, за сиромашните деца во Африка. Акон поседува и дијамантски рудник во Јужна Африка и одрекува дека постојат крвави дијаманти (познати како confict). Јас не верувам во такви дијаманти. Тоа е само филм. Размислете подобро. Никој не се грижеше и не зборуваше за тие дијаманти пред да излезе истоимениот филм 'Blood Diamond'. Подоцна тој призна дека е сопственик на Африканскиот рудник и изјави дека прифака дека постојат тие дијаманти но, дека тој ја избегнува нивната употреба додека донира профити во локалните заедници. Во Април 2008 год. списанието "The Smoking Gun" напиша дека наводно криминална и затворската историја за Акон беше драматично дотерано. Воглавно, Акон изјави дека бил дел од кражба на кола и дека престојувал во затвор три години проследени со интервјуа со детективи кои работеле на неговиот случај. Според ова списание, Акон не е обвинет за никакво дели и не престојувал во затвор во времето помеѓу 1999год. и 2002год, како што тој претходно изјавил. Тој пак тврди дека ова списание има намера само да го осрамоти и дека нема смисла да се зборува за тоа што тој сака да го заборави. Тој изјави дека тој не поминал три последователни години во затвор туку неколку помали периоди кои се сведуваат на три години и го наведува ова како недоразбирање од страна на ова списание.

Законски проблеми

[уреди | уреди извор]

Во Април 2007 год. Акон добива критики за едно дело на сцена кое вклучува вештачки секс со 15 годишно девочје, во клубот Тринидад и Тобако, како дел од лажниот контекс, и покрај тоа што клубот гарантира граница над 21 година за влез. Овој инцидент беше снимен од страна на некој од тимот на Акон и подоцна беше ставен на семрежјето. На 20 Април. 2007 год. локалниот медиум, каналот-ТВ6 го емитуваше видеото во етер. По критиките на радио и телевизија, како и на семрежјето, Веризон Вирелес ги укина рингтоновите во кои се појавува Акон. Веризон исто така одлучи да не ја спонзорира турнеата The Sweet Escape каде Акон требаше да настапи како воведна точка за Гвин Стефани.Како и да е,Универзалната Музичка Група не презеде мерки против Акон, едноставно нареди ова видео да биде отстрането од видео страната You Tube поради авторски права.Конзервативниот коментатор и основач на Parents Television Council,Брент Бозелова го нарече колективна неодговорност. Политичките коментатори Мишел Малкин, Лаура Инграхам и Бил О Реили го критикуваа Акон за деградација на жената. Малкон аплодираше коментарање за Акон на You Tube, служејки се се со инсерти од неговите музички видеа и концертот на Триндад, за подоцна Универзалната Музичка Група да го принуди неговото отстранување со издавање на (DMCA) ДМЦА запишана белешка.Фондацијата Електроник Фронтиер му се придружи на Малкин во оспорувањето на отстранувањето како злоупотреба на законот за авторско право, наведувајки го правото на фер употреба. Во Мај 2007 год. UMG (УМГ) ја поништи својата изјава за видеото со што тоа беше вратено на You Tube. На 3 Јуни, 2007 год. на концертот на WSPK's KFEST во Фишкил, Њујорк, некој од публиката фрли предмет сакајки да го погоди Акон на сцената. Акон ја замоли публиката да го идентификува оној кој го фрлил предметот и да го донесат на сцената.Обезбедувањето го фатија младичот и го качија на сцената. Акон тогаш ко извлече од гужвата, кревајќи го за рамењата. Пејачот потоа повторно го турнал во народот со своите рамиња. Ова видео беше проследено подоцна од полицијата во Фишкил.Акон изјави дека овој инцидент тој го искористил всушност како припрема за неговата следна точка. Обвинениата за загрозување на здравјето на малолетник, за ситен прекршок и насилство беа потвдени како обвиненија од втор степен, од страна на шефот на полицијата Доналд.Ф.Вилијамс и Акон беше обвинет сподер две обвиненија на 3 Декември, 2007 год. во градот на Фишкилскиот суд.

Визни ограничувања

[уреди | уреди извор]

На 23 Март, 2010 год. владата на Шри Ланка откако ги разгледа обвиненијата против Акон, одлучи да не му прави проблем за одобрување на виза за влез во Шри Ланка. Национото здружение на калуѓерки Jathika Bhikku Sansadaya најавија дека тие жестоко ке протестираат на неговиот најавен концерт, изјавувајки дека неговото видео е навреда за Будизмот.

Дискографија

[уреди | уреди извор]

Главни статии: Дискографијата на Акон и Продукционата дискографија на Акон  Trouble (2004)  Konvicted (2006)  Freedom (2008)  Stadium (2011)

Награди и номинации

[уреди | уреди извор]

Награди и номинации на Акон

[уреди | уреди извор]

Акон освои 4 Грејми номинации во 2008 год., вклучувајки ги наградата за Најдобра поп вокална соработка со Гвин Стефани за "The Sweet Escape (Слатко бегство), наградата за Најдобра R&B вокална изведба од дуо или група за "Bartender" (Бармен) во соработка со Ти-Пеин, награда за Најдобар современ R&B албум за албумот "Konvicted", (Осуден) и за Најдобра рап соработка со Снуп Дог за сингалот "I Wanna Love You (Сакам да те љубам). Единствената самостојна награда на Акон е Наградата за Омилен R&B Машки Артист на доделувањето на Американските Музички награди во 2007 год. Севкупно Акон доби една награда, а беше номиниран во 12 номинации

Американски музички награди

[уреди | уреди извор]

The American Music Awards is an annual awards ceremony created by Dick Clark in 1973. Akon has received one award from three nominations.[1][2]

Година Номинирана Награда Исход
Предлошка:Ama Akon Favorite Soul/R&B Male Artist Победник
Artist of the Year Номинирана
Favorite Pop/Rock Male Artist Номинирана

Billboard Music Awards

[уреди | уреди извор]
Година Номинирана Награда Исход
2007 Akon Artist of The Year Победник

World Music Awards

[уреди | уреди извор]
Година Номинирана Награда Исход
2007 Akon Best Selling R&B Male Artist Победник
Best Selling African Artist Победник
Best Selling Internet Artist Победник
2008 Akon Best Selling African Artist Победник

Грејми награди

[уреди | уреди извор]

The Grammy Awards are awarded annually by the National Academy of Recording Arts and Sciences of the United States. Akon has received five nominations.[1][3]

Година Номинирана Награда Исход
Предлошка:Grammy "Smack That" (with Eminem) Best Rap/Sung Collaboration Номинирана
Предлошка:Grammy "The Sweet Escape" (with Gwen Stefani) Best Pop Collaboration with Vocals Номинирана
"Bartender" (with T-Pain) Best R&B Vocal Performance by a Duo or Group Номинирана
Konvicted Best Contemporary R&B Album Номинирана
"I Wanna Love You" (with Snoop Dogg) Best Rap/Sung Collaboration Номинирана

МТВ Музички награди

[уреди | уреди извор]

The MTV Video Music Awards is an annual awards ceremony established in 1984 by MTV. Akon has received four nominations.[1][4][5] Akon has the record for most nominations in the Most Earthshattering Collaboration category.

Година Номинирана Награда Исход
Предлошка:Mtvvma "Locked Up" MTV2 Award Номинирана
Предлошка:Mtvvma Akon Male Artist of the Year Номинирана
"Smack That" (with Eminem) Most Earthshattering Collaboration Номинирана
"The Sweet Escape" (with Gwen Stefani) Most Earthshattering Collaboration Номинирана

Билборд наследство

[уреди | уреди извор]

Made the Top Artists of the Year Chart in: 2009

Made the Billboard 200 Albums of the Year Chart in: 2009, 2007, 2005, 2004

Made the Billboard Hot 100 Songs of the Year Chart in: 2005, 2004

Премиос Ло Нуестро

[уреди | уреди извор]
Година Номинирана Награда Исход
2010 "All Up 2 You" (with Aventura and Wisin & Yandel) Urban Song of the Year Номинирана
"All Up 2 You" (with Aventura and Wisin & Yandel) Video Collaboration of the Year Номинирана

Препораки

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 1,2 „Akon“. Rock on the Net. Посетено на October 18, 2008.
  2. Cohen, Sandy (November 19, 2007). „Daughtry Wins 3 American Music Awards“. The Washington Post. Посетено на October 18, 2008.
  3. Montgomery, James (December 6, 2007). „Akon Calls His Mom, Plain White T's Call Delilah To Celebrate Grammy Nominations“. MTV. Архивирано од изворникот на 2009-11-06. Посетено на October 18, 2008.
  4. „2005 Video Music Awards“. MTV. Архивирано од изворникот на 2008-08-28. Посетено на October 18, 2008.
  5. „2007 Video Music Awards“. MTV. Архивирано од изворникот на 2016-05-17. Посетено на October 18, 2008.
  6. Akon comes to region[мртва врска]. All Africa Newswire, May 23, 2006.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]